Хектометар
Изглед
| Хектометар | |
|---|---|
Кеопсовата пирамида е висока 137,7 метри или 1,377 хектометри. | |
| Информации за мерката | |
| Мерен систем | SI |
| Единица за | должина |
| Ознака | хм, hm |
| Претворање на единици | |
| 1 хектометар во ... | ... е еднакво на ... |
| Основни SI-единици | 100 м |
| Импер./амер. единици | 109,36 јарди 3.937 инчи |
Хектометар (симбол: хм, SI-симбол: hm) — мерна единица за должина во Меѓународниот систем на мерни единици (SI) еднаква на 100 метри[1] или една десеттина од километарот. Поимот е кованка од „метар“ и SI-претставката „хекто-“, што значи „сто“.[2]
Едно фудбалско игралиште е долго приближно еден хектометар.[3] Единицата хектар (ха) е еквивалентна мерка за површина, еднаква на квадратен хектометар (хм2).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „хектометар“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „хекто-“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ „Soccer (FIFA) Field Dimensions & Layout - SportsCourtDimensions.com“. sportscourtdimensions.com. Архивирано од изворникот на 2018-07-11. Посетено на 10 јули 2018.