Аполонски астероиди
Марс (Ма) Венера (В) Меркур (Ме) | Сонце Аполони Земја (З) |
Аполонски астероиди (или аполони) — група близуземски астероиди наречени по астероидот 1862 Аполон, откриен од германскиот астроном Карл Вилхелм Рајнмут во 1930-тите. Тие се земјопресекувачки астероиди чија орбитална голема полуоска е поголема од онаа на Земјата (> 1 ае) но со перихелни растојанија помали од Земјиното афелно растојание (q < 1,017 ае).[1][2]
Во декември 2018 г. биле познати 10.485 аполонски астероиди, поради што тие сочинуваат најголема класа на близуземски тела.[3] Од нив, 1.409 имаат бројни ознаки (кои ги добиваат кога ќе бидат забележани на две или повеќе противположбаи), а 1.648 се прогласени за потенцијално опасни астероиди.[4][5]
На оние чија голема полуоска е поблиска до Земјината им треба помало занесување за да се пресечат орбитите. На класата на аполонски астероиди припаѓал метеорот што експлодирал над градот Чељабинск во Русија на 15 февруари 2013 г. и повредил преку 1.500 жители поради распрснатите стакла.[6][7]
Список
[уреди | уреди извор]Најголемиот познат аполонски астероид е 1866 Сизиф, чиј пречник изнесува 8,5 км. Еве ги попознатите астероиди од класата:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Near-Earth Object Groups“. JPL – NASA. Посетено на 11 ноември 2016.
- ↑ Weisstein, Eric. „Apollo Asteroid“. Wolfram Research. Посетено на 27 февруари 2013.
- ↑ „NEO Discovery Statistics“. Архивирано од изворникот на 2017-04-03. Посетено на 11 ноември 2016.
- ↑ „JPL Small-Body Database Search Engine“. JPL/NASA. 4 декември 2018. Посетено на 4 декември 2018.
- ↑ „JPL Small-Body Database Search Engine: PHAs and orbital class (APO)“. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 11 ноември 2016.
- ↑ Cantor, Matt (26 февруари 2013). „Scientists figure out Russia meteor's origin“. USA Today. Посетено на 11 ноември 2016.
- ↑ Jacob Aron (26 февруари 2013). „Russian meteor traced to Apollo asteroid family“. New Scientist. Посетено на 11 ноември 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Список на аполонски астероиди — Центар за мали планети (англиски)
|
|