Прејди на содржината

Астероид од типот E

Од Википедија — слободната енциклопедија
2867 Штејнс — астероид од типот E.

Астероиди од типот E — тип на астероиди кои имаат енстатитни (MgSiO3) ахондритски површини. Сочинуваат голем дел од астероидите одејќи кон внатрешниот дел на астероидниот појас познати како унгарски астероиди,[1] но стануваат многу ретки вон главнината на појасот. Сепак, има такви како 64 Ангелина кои се доста далеку од внатрешниот раб на астероидниот појас. Се смета дека потекнуват од мошне намален плашт на издиференциран астероид.

Овие астероиди имаат големо албедо (над 0,3), што ги разликува од почестите астероиди од типот M. Нивниот спектар е безлично рамен до црвеникав. Веројатно бидејќи потекнуваат од работ на поголемо планетарно тело наместо од јадрото, астероидите од типот E се мали, при што само три (44 Ниса, 55 Пандора, 64 Ангелина) имаат пречници над 50 км и ниеден над 25 км (најголемите три воедно кружат нетипично далеку од Сонцето, на ~3 ае). Обритs (енстатитните ахондритски метеорити) are believed to come from E-type asteroids,[2] because Aubrites could be linked to the E-type asteroid 3103 Егер.[3]

This grouping may be related to the типот Xe од класификацијата по SMASS.

Се смета дека астероидите од типот E во унгарското семејство се остатоци од астероидно население од претпоставен E-појас.[4] Растурањето на највеќето астероиди од претпоставениот појас може да било предизвикано од преселба на гасовити џинови од Сончевиот Систем во надворешен правец, кон што упатуваат симулациите по Ничкиот модел, а овие растурени астероиди може да биле телата одговорни за Доцното тешко бомбардирање.

Истражување

[уреди | уреди извор]

На 5 септември 2008 г. роботаската вселенска сонда „Розета“ го посетила астероидот 2867 Штејнс, кој е од типот E.[5] Леталото потврдило дека астероидот бил сочинет главно од минерали сиромашни со железо како енстатит (пироксен богат со магнезиум), форстерит (оливин богат со магнезиум) и фелдспат.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. McSween, Harry Y. (1999). Meteorites and their parent planets. Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 168. ISBN 978-0-521-58751-8.
  2. Zellner, B.; и др. (1977). „The E asteroids and the origin of enstatite achondrites“. Geochim. Cosmochim. Acta. 41 (12): 1759–67. Bibcode:1977GeCoA..41.1759Z. doi:10.1016/0016-7037(77)90208-3.
  3. Gaffey, Michael J.; Reed, Kevin L.; Kelley, Michael S. (ноември 1992). „Relationship of E-type Apollo asteroid 3103 (1982 BB) to the enstatite achondrite meteorites and the Hungaria asteroids“. Icarus. 100 (1): 95–109. Bibcode:1992Icar..100...95G. doi:10.1016/0019-1035(92)90021-X.
  4. Late, Late Heavy Bombardment - Bill Bottke (SETI Talks) – Youtube.com
  5. H. U. Keller, et all - E-Type Asteroid (2867) Steins as Imaged by OSIRIS on Board Rosetta - Science 8 January 2010: Vol. 327. no. 5962, pp. 190 - 193 doi:10.1126/science.1179559