Астероид од типот T

Од Википедија — слободната енциклопедија

Астероиди од типот T — редок вид на астероиди од внатрешниот појас од непознат состав, со темен, безличен и умерено црвен спектар, и умерена впивна особина нешто под 0,85 μм. До денес не е пронајден метеорит соодветен на типот. Се сметаат за безводни и поврзани со телата од типот P или D, а можеби и високоизменет тип C.

Примери за астероиди од типот T се 96 Егла, 114 Касандра, 233 Астеропа и 308 Поликсо. Инфрацрвениот спектар на првите три е сличен на минералот троилит, додека пак 308 Поликсо е изменет со хидрациски особини.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Britt, D. T.; и др. (јули 1992), „The Reflectance Spectrum of Troilite and the T-Type Asteroids“, Meteoritics, 27 (3): 207, Bibcode:1992Metic..27Q.207B.

Наводи[уреди | уреди извор]