Постојат неколку теории за настанокот на двојноастероидни системи. Многу системи имаат значајна макропорозност (внатрешност налик на збировит отпад). Месечините кои кружат околу големи главнопојасни астероиди како 22 Калиопа, 45 Евгенија и 87 Силвија може да настанале со пореметување на матичното тело со удар или отцепување предизвикано од кос удар. Заднептунските двојки можеби се образувале при настанокот на Сончевиот Систем со заемен зафат или трителесно замодејство. Близуземските астероиди, кои кружат во внатрешниот дел на Сончевиот Систем, најверојатно настанале со завртување и ослободување на маса,[2] веројатно како последица од ЈОРП-ефектот. Бројчените симулации укажуваат дека астероидниот екватор исфрла материјал кога сончевата енергија ќе заврти збировит астероид доволно брзо под дејство на ЈОРП-ефектот.[3] Овој процес исто така ги соголува половите на астероидот, изложувајќи нов материјал.[3][4]