Список на земјопресекувачи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дијаграм со различни астероидни патеки. Жолтиот појас е Земјината орбита; црвената линија е патеката на астероидот.
Надворешен допирник(†): средина долу
Пресекувач: десно долу
Близуприближувачка траекторија на 2004 FH во системот Земја-Месечина.

Земјопресекувач (или земјопресекувачки астероид) — близуземски астероид чија орбита ја пресекува онаа на Земјата гледани од еклиптичкиот пол на Земјината орбита.[1] Тука се дадени познатите земјопресекувачи со бројни ознаки. Земјопресекувачите чии големи полуоски се помали од онаа на Земјата се атоните, а останатите се аполоните.

Астероидот во земјопресекувачка орбита не мора да претставува опасност од судрар со Земјата. Орбитата на еден земјопресекувач може и да не се пресекува со Земјината. Ова привидна противречност се должи на високонаклонетите орбити на многу астероиди, па затоа иако имаат перихел помал од Земјиниот, патеките воопшто не се вкрстуваат. Астероидот кој има некаква можност да се судри со Земјата во иднина и е доволно голем се нарекува потенцијално опасен астероид (ПОА). Во тој случај, најмалото растојание на орбитално пресекување (МРОП) треба да биде <0,05 ае, а неговата апсолутна величина да изнесува 22 или да е уште посјаен.[2] Поимувањето на ПОА е замена за напуштената строга дефиниција за ЗПА (земјопресекувачки астероид). За да се утврди дали еден ЗПА е опасен потребни се пресметки за неговата орбита илјадници години во иднината, заедно со планетарните гравитациски растројувања, што се покажало како непрактично.[3]

Помала МРОП не гарантира судир. Од друга страна, малите гравицатициски растројувања на астероидот околу неговата орбита под влијание на планетите што ги одминува знаат значајно да му ја променат патеката. На пример, 99942 Апофис во 2029 г. ќе се приближи до Земјата толку многу што ќе мине под орбитата на геостационарните сателити.[4]

Меѓу земјопресекувачите, астероидот 3753 Круитне е значаен бидејќи го има истиот орбитален период како Земјата.

Список[уреди | уреди извор]

Белешки: † надворешен допирач

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]