Астероид од типот B

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Палада — најголемиот астероид од типот B.

Астероиди од типот B — релативно редок тип на јаглеродни астероиди во рамките на пошироката група C; буквата „B“ означува дека овие тела се спектрално сини.[1] Во астероидното население, а од класата B се среќаваат во надворашниот астероиден појас, а преовладуваат и во високонаклонетото Паладино семејство, каде е сместен вториот по големина астероид 2 Палада. Се мисли дека се примитивни остатоци од првобитниот Сончев Систем, богати со испраливи супстанции. Во Во март 2015 г. биле оознати 65 астероиди од типот B според класификацијата на SMASS,[2] и 9 такви според Толеновата класификација.

Особености[уреди | уреди извор]

Овие астероиди се начелно слични на телата од типот C, но се разликуваат од нив по тоа што ултравиолетовото впивање под 0,5 μм е мало или отсуствува, а спектар е повеќе синкав отколку црвеникав. Албедото е поголемо отколку кај типот C, кој е обично многу потемен. Спектроскопското иследување на класата B укажува на површински состав од безводни силикати, хидрирана глина минерали, органски полимери, магнетит и сулфиди. Најслични на астероидите од типот B се јаглеродните хондритни метеорити благо загреани во лабораторија.

Највеќето астероиди кај кои е збележана кометовидна активност се од типот B.[3][4] Некои од овие тела упатуваат на измени под дејство на вода во минатото, кога може да содржеле значителни количества на воден мраз.[1]

Добро проучени примери[уреди | уреди извор]

Астероидот Бену сликан од OSIRIS-REx на далечина од 24 км.

Астероидот 101955 Бену е тело од типот B чие проучување е цел на мисијата OSIRIS-REx. Мисијата настојува да изработи карта површината, со со чија помош ќе се проучува Јарковскиевиот ефект, и во 2023 г. да донесе примерок на Земјата. Леталото е пуштено во 2016 г. и се наоѓа на Бену уште од 2018 г.

Други астероиди од типот B се:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Yang, Bin; Jewitt, David (септември 2010). „Identification of Magnetite in B-type Asteroids“. The Astronomical Journal. 140 (3): 692–698. arXiv:1006.5110. Bibcode:2010AJ....140..692Y. doi:10.1088/0004-6256/140/3/692.
  2. „JPL Small-Body Database Search Engine: spec. type = B (SMASSII)“. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 17 јуни 2015.
  3. Licandro, J; Hargrove, K; Kelley, M; Campins, H (јануари 2012). „5–14 μm Spitzer spectra of Themis family asteroids“. Astronomy & Astrophysics. 537: A73. doi:10.1051/0004-6361/201118142.
  4. Alí-Lagoa, V; De León, J; Licandro, J; Delbo, M; Campins, H; Pinilla-Alonso, N; Kelley, M (март 2013). „Physical properties of B-type asteroids from WISE data“. Astronomy & Astrophysics. 554: A71. doi:10.1051/0004-6361/201220680. 1. Introduction: "the majority of asteroids that have been observed to display cometary-like activity are B-types"