2013 ND15

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
2013 ND15
Animation of 2013 ND15 relative to Sun and Venus.gif
Анимација на 2013 ND15 во однос на Сонцето и Венера
      Сонце ·       Венера ·        2013 ND15
Откривање
ОткривачPan-STARRS
Откриено13 јули 2013
Ознаки
Орбитални особености [2][3][4]
Епоха 13 јануари 2016 (ЈД 2457400,5)
Параметар на неодреденост 7
Афел1,1660 ае (174,43 Гм)
Перихел0,28100 ае (42,037 Гм)
0,72351 ае (108,236 Гм)
Занесеност0,61162
0,62 г (224,8 д)
198,82°
1,6015° дневно
Наклон4,7962°
95,841°
19,697°
Земјино НРОП0,00751978 ае (1.124.943 км)
Јупитерово НРОП3,95146 ае (591,130 Гм)
Физички особености
Димензии40–100 м[a][5]
24,1[2]

2013 ND15 (или 2013 ND15) — астероид, привремен тројанец на Венера — првото откриено тело од овој вид околу оваа планета.[6]

Откривање, орбита и физички особености[уреди | уреди извор]

2013 ND15 е откриен на 13 јули 2013 г. од Н. Примак, А. Шулц, Т. Гоџа и К. Чемберс во рамките на проектот Pan-STARRS. До септември 2014 г. бил забележан 21 пат во податочен лачен опсег од 26 дена. Претставува атонски астероид чија голема полуоска (0,7235 ае) е многу слична на Венерината, но има голема занесеност (0,6115) и мал орбитален наклон (4,794°). Со апсолутна величина од 24,1, има пречник од 40 до 100 м (за претпоставено албедо од 0,04-0,20).

Тројанска динамичка состојба и орбитален развој[уреди | уреди извор]

Астероидот следи полноглавечка орбита околу Венерината Лагранжова точка L4.[6] Освен тоа што е коорбиталец на Венера, овој астероид е марсопресекувач и земјопресекувач. 2013 ND15 покажува резонантен (или близурезонантен) однос со Меркур, Венера и Земјата.[6] Неговиот краторочен динамички развој е различен од оној на другите три Венерини коорбиталци, 2001 CK32, 2002 VE68 и 2012 XE133.[6]

Потенцијално опасен астероид[уреди | уреди извор]

2013 ND15 не се смета за потенцијално опасен астероид бидејќи има апсолутна величина над 22,0, иако периодично се доближува на 0,05 ае од Земјата. Забележан е на растојание од 0,077 ае од Земјата на 21 јуни 2016 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  • ^ Претпоставувајќи албедо од 0,20–0,04.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Список на атонски астероиди
  2. 2,0 2,1 2,2 „2013 ND15“. База на мали небесни тела на JPL. Лабораторија за реактивен погон. SPK-ID: 3645042. Посетено на 3 април 2016. (англиски)
  3. AstDys-2 на 2013 ND15 посет. 21 јануари 2014 г
  4. NEODyS-2 на 2013 ND15 посет. 21 јануари 2014 г
  5. Таблица за претворање на апсолутни величини (H)
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 de la Fuente Marcos, C.; de la Fuente Marcos, R. „Asteroid 2013 ND15: Trojan companion to Venus, PHA to the Earth“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 439 (3): 2970–2977. arXiv:1401.5013. Bibcode:2014MNRAS.439.2970D. doi:10.1093/mnras/stu152.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]