Афел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Перихел и афел се најблиската и најдалечната точка (апсида) на директната орбита на астрономскиот објект околу Сонцето.

Афел — точка во орбитата на астрономскиот објект, каде што тој е најдалеку од својот орбитален фокус. Поимот со спротивно значење кој ја претставува точката каде што објектот е најблиску до својот орбитален фокус се нарекува „перихел“.

Според Првиот кеплеров закон, сите планети, комети и астероиди во Сончевиот Систем имаат приближно[а] елиптични орбиити околу Сонцето.[1] Оттука, објектот којшто орбитира има најблиска и најдалечна точка од објекот околку кој се движи. Секоја екстремна вредност е позната како апсида. Орбиталното занесување ја мери сплеснатоста на орбитата, односно отстапувањето од совршен круг.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Поимот „афел“ потекнува од старогрчките зборови ἀπ(ό) (апо), со значење „далеку“, и Ἥλιος (хелиос), со значење „Сонце“.

Основни формули[уреди | уреди извор]

Полупречникот на перифелот се пресметува со помош на формулата:

,

каде:

a — голема полуоска; и
е — орбитално занесување.

Брзината во перихелот се пресметува со формулата:

,

каде:

G — гравитациска константа;
М — Сончева маса;
a — голема полуоска; и
е — орбиитално занесување.

Сончев Систем[уреди | уреди извор]

Земја[уреди | уреди извор]

Афелот на Земја се случува на растојание од 152.098.233 км од Сонцето. Земјата се наоѓа во афел во периодот од 3-7 јули[2]

Други планети[уреди | уреди извор]

Перихелот н останатите планети во Сончевиот Систем согласно информациите на НАСА се случува на следните растојанија:[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  • а Се вели дека орбитата на астрономскиот објект е „приближно“ елиптична, затоа што орбиталното движење не завршува онаму каде што започнало поради прецесија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Introductory Astronomy: Ellipses“. Washington State University.
  2. „Датуми на рамноденица, сонцестој, перихел и афел на Земјата во периодот 2000—2020“. Архивирано од изворникот на 2007-10-13. Посетено на 2017-01-28.
  3. „Solar System Exploration: Planets: Comparison Chart“. Архивирано од изворникот на 2015-01-14. Посетено на 2017-01-28.