Венера (планета)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За римската божица на љубовта и убавината видете: Венера (божица)
Венера Астрономскиот симбол на Венера
Венера
Вистинската боја на Венера
Орбитални особености
Епоха J2000
Апхел 108,942,109 km
0.728 231 28 AU
Перихел 107,476,259 km
0.718 432 70 AU
108,208,930 km
0.723 332 AU
Занесување 0.006 8
224.700 69 ден
0.615 197 0 год
583.92 денови[1]
35.02 km/s
Наклон 3.394 71°
3.86° према екваторот на Сонцето
76.670 69°
54.852 29°
Познати сателити Нема
Физички особености
Среден полупречник
6 051.8 ± 1.0 km[2]
0.949 9 Земји
Сплоснатост < 0.000 2[2]
4.60×108 km²
0.902 Земји
Зафатнина 9.38×1011 km³
0.857 Земји
Маса 4.868 5×1024 kg
0.815 Земји
Средна густина
5.204 g/cm³
8.87 m/s2
0.904 g
10.46 km/s
243.018 5 ден
Екваторијана вртежна брзина
6.52 km/h (1.81 m/s)
177.3°[1]
Северенополна ректасцензија
18 h 11 min 2 s
272.76°[3]
Северенополна деклинација
67.16°
Албедо 0.65[1]
Површинска темп. min mean max
Келвини 735 K[4][5]
Целзиуси 461.85 °C
до -4.6[1]
9.7" — 66.0"[1]
Атмосфера
Површински притисок
9,3 MPa
Состав по зафатнина ~96.5% јаглерод диоксид
~3,5% азот
0,015% сулфур диоксид
0,007% аргон
0.002% Водена пареа
0,001 7% јаглерод моноксид
0.001 2% хелиум
0,000 7% неон
траги од јаглероден сулфид
траги од хлороводород
траги од флуроводород

Венера — планета во Сончевиот систем. Таа е втората по близина планета до Сонцето коешто го обиколува за 224,7 земјини денови. По Месечината, таа е вториот најсјаен објект кој може да се види на ноќното небо. Максималната видливост планетата ја има пред изгрејсонце и малку по зајдисонцето. Затоа, често се именува како утринска ѕвезда или ѕвезда-вечерница.

Името на планетата „Венера“ доаѓа од името на Римската божица на љубовтаВенера. Исто така, многу од нејзините географски карактеристики ги носат имињата на мистични и славни жени од историјата.

Структура[уреди | уреди извор]

Кратер на површината на Венера.

Венера е една од четирите земјовидни планети, што значи дека исто како и Земјата таа е камено тело. Во големина и маса е приближна како и Земјата и често се идентификува како нејзина сестра близначка. Дијаметарот на Венера е само 650 km помал од оној на Земјата, а нејзината маса е 80% од земјината. Сепак има голема разлика во атмосферите на двете планети. Атмосферата на Венера е исполнета со јаглерод диоксид, за разлика од Земјата.

Венера е многу топла бидејќи сета топлина што ќе ја прими од сонцето не оди нагоре, туку се собира во атмосферата. За тоа зборува прикажаната слика. Венера од Сонцето е оддалечена околу 108,2 милиони km. Има пречник од 12.104 km. Просечната температура изнесува 480 °C. Едно деноноќие трае 117 земјини денови, една година трае 225 земјини денови. Венера нема природни сателити.

Географија на Венера[уреди | уреди извор]

Вулканските рамнини ги сочинуваат 80% од површината на Венера. Два високи континенти го сочинуваат остатокот од површината. Едниот лежи на северната полутопка и е наречен Иштар Тера, по Иштар, вавилонската божица на љубовта. Овој континент е со големина на Австралија. Максвел Монтес, највисоката планина на Венера, се наоѓа на овој континент, а нејзиниот врв се издига 11 километри нд површината на Венера. Вториот континент е наречен Афродита Тера, по грчката божица на љубовта, и е поголем, со големина на Јужна Америка. Поголемиот дел од вој континент претставува мрежа од пукнатини и расади.

Покрај кратери, планини и долини, Венера има и голем број уникатни формации на површината. Меѓу другите, тука се вулканските формации со тапи врвови, наречени фара, кои наликуваат на палачинки со ширина од 20-50 километри,и висина од 100 - 1,000 метри. Потоа, постојат радиални, ѕвездолики системи од процепи наречени новае; формации со радијални и кноцентрични процепи кои наликуваат на пајакова мрежа, па затоа се наречени арахноиди; и корни, кои што претставуваат кружни прстени од процепи кои понекогаш се обиколени со депресии. Сите овии формации се вулкански по потекло.

Сите појави на површината на Венера се крстени по историски или митолошки жени, освен Максвел Монтес, крстена по Џејмс Клерк Максвел, и двата високи региона, Алфа Регио и Бета Регио, крстени од Интернационалната Астрономска Унија, која е надлежна за планетарната номенклатура.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Венера околу Сонцето се завртува за 224,7 дена а околу својата оска се завртува за 117 дена. Венера се движи спротивно од правецот на кој се движат останатите планети од Сончевиот систем. Гледано од површината на Венера, Сонцето изгрева на запад, а заоѓа на исток.[6] Хемијата на Венера ја крши постоечката теорија за формацијата на планетите. Горната атмосфера на Венера ја карактеризира екстремен ветар, побрз од ротацијата, а мирниот долен слој на атмосферата покажува постојани молњи. Планетата е покриена со сто илјади вулкани кои потполно ја измениле површината на планетата во поновиот геолошки период. [7]

Венера има опашка слична на опашка од комета, а се пружа на четириесет и пет милиони километри во вселената. Опашката на Венера ја открил сателитот SOHO, кој е во орбитата на Земјата, а податокот е објавен во 1997 година.[8][9][10]

Венера во митологијата, уметнота и популарната култура[уреди | уреди извор]

Древните луѓе сметале дека Венера е комета и за неа зборувале како за долгокоса, брадата и маѓепсана ѕвезда. Исто така, се сметало дека Венера зема форма на божица во својата убавина и во својот ужас, и дека била огнен змеј кој ја нападнал Земјата.

Исто така, планетата Венера се споменува и во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „Големооки гравчиња од Венера“ (Big Eyed Beans from Venus) - песна на американскиот рок музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1972 година.[11]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име nssdc.
  2. 2,0 2,1 Seidelmann, P. Kenneth; Archinal, B. A.; A’hearn, M. F.; et.al. (2007). Report of the IAU/IAGWorking Group on cartographic coordinates and rotational elements: 2006. „Celestial Mechanics and Dynamical Astronomy“ том  90: 155–180. doi:10.1007/s10569-007-9072-y. http://adsabs.harvard.edu/doi/10.1007/s10569-007-9072-y. конс. 28 август 2007 г. 
  3. „Report on the IAU/IAG Working Group on cartographic coordinates and rotational elements of the planets and satellites“. International Astronomical Union. 2000. http://www.hnsky.org/iau-iag.htm. конс. 12 април 2007 г. 
  4. „Venus: Facts & Figures“ (html). NASA. http://sse.jpl.nasa.gov/planets/profile.cfm?Object=Venus&Display=Facts&System=Metric. конс. 12 април 2007 г. 
  5. „Space Topics: Compare the Planets: Mercury, Venus, Earth, The Moon, and Mars“. Planetary Society. http://www.planetary.org/explore/topics/compare_the_planets/terrestrial.html. конс. 12 април 2007 г. 
  6. НАСА: Основни податоци за Венера
  7. НАСА: Основни податоци за Венера
  8. Planet's tail of the unexpected by Jeff Hecht, New Scientist, број 2084, 31 мај 1997
  9. Американски институт за физика
  10. NASA Astrophysics Data System
  11. Captain Beefheart - Big Eyed Beans From Venus - YouTube (пристапено на 3.3.2016)