Хиперион (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хиперион снимен од Касини

Хиперион — позната и како Сатурн VII, е месечина на Сатурн откриена од страна на Вилијам Кренч Бонд, Џорџ Филипс Бонд и Вилијам Лејсел во септември 1848 година. Браќата Бонд и Вилијам Лејсел ја откриле оваа месечина независно едни од други во период од два дена.

Хиперион е месечина со неправилен облик, со средна ширина од 280 километри. Поради ова тоа е едно од најголемите тела што нема топчест облик во Сончевиот Систем. Се движи по елиптична орбита веднаш зад најголемата месечина на Сатурн, Титан. Додека кружи, та се движи хаотично; оската на ротирање се ниша, па изгледа дека месечината се тркала при своето движење. На површината има кратери и делови од спили. Нејзиниот облик и оштетената површина, можеби, се доказ дека Хиперион е дел од поранешно поголемо небесно тело што било уништено при поголем удар.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]