Албедо

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Геометриско албедо)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Албедо на еден објект претставува мерка колку истото одбива дифузна светлина од Сонцето. Според тоа, претставува посебна форма на одвојност (рефлективност). Албедо е дефинирано како однос помеѓу дифузно одвиена и инцидентно електромагнетно зрачење. Мерката е бездимензионална, и покажува дифузна одбојност на површина или тело. Зборот е изведен од латинскиот "аlbedo" што во превод значи "белина", и прв пат во оптиката бил искористен од Јохан Хаијнрих Ламберт во неговот дело од 1760. Фотометрија. Интервалот на можни вредности е од 0(темно) до 1(светло).