Месен Меѓуѕвезден Облак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Месен Меѓуѕвезден Облак
меѓуѕвезден облак
low density warm hydrogen
Local Interstellar Clouds with motion arrows.jpg
Месните облаци низ кои се движи Сончевиот Систем. Стрелките покажуваат движењата на меѓуѕвездените облаци.
Податоци од набљудување
Оддалеченост0[1] сг   (0[1] пс)
Физичи особености
Димензии30 сг (9,2 пс)
ОзнакиМесен Облак, ММО, LIC
Поврзано: Списоци на маглини
Сонцето близу работ на Месниот Меѓуѕвезден Облак и ѕвездата Алфа Кентаур околу 4 светлосни години од соседниот комплекс G-облак

Месен Меѓуѕвезден Облак или ММО (англиски: Local Interstellar Cloud, LIC) — меѓуѕвезден облак со големина од околу 30 сг (9,2 пс) низ кој се движи Сончевиот Систем. Непознато е дали Сонцето се наоѓа во самиот Месен Меѓуѕвезден Облак, или во подрачјето каде Месниот Меѓуѕвезден Облак замодејствува со соседниот G-облак.[2] Како G-облакот и други, ММО е дел од т.н. „многу месна меѓуѕвездена средина“ која почнува онаму каде завршуваат хелиосферата и меѓупланетарната средина[3] — најдалечното место до кое имаат стасано сондите.

Структура[уреди | уреди извор]

Сончевиот Систем е сместен во структурата наречена Месен Меур, малогустинско подрачје на галактичката меѓуѕвездена средина.[4] Во ова подрачје е Месниот Меѓуѕвезден Облак (ММО), каде подрачјето е малку побогато со водород. Се проценува дека Сончевиот Систем има невлезено во ММО во изминатите 10.000 години.[5] Неизвесно е дали Сонцето сè уште е во ММО или има навлезено во преодната зона меѓу ММО и G-облакот.[2][5][6] Со анализа е проценето дека Сонцето целосно ќе излезе од ММО за највеќе 1900 години.[7]

Облакот има температура од приближно 7.000 K (6.730 °C),[8] иста како површината на Сонцето. Меѓутоа, неговиот специфичен топлински капацитет е многу низок бидејќи не е многу густ (0,3 атоми/см3). Оваа густина е под просекот за меѓуѕвездената средина во Млечниот Пат (0,5/см3), иако шестпати погуста од гасот во врелиот и малогустински Месен Меур (0,05/см3) кој го опкружува месниот облак.[4][9] За споредба, Земјината атмосфера на работ на вселената има 1,2×1013 молекули на кубен сантиметар, кои се намалуваат на 50 милиони (5,0×107) на 450 км.[10] Поради оваа слаба густина, подрачјето можеби подобро би се претставило како празнина отколку како облак.

Облакот тече нанадвор од здружението Скорпија-Кентаур, ѕвездено здружение кое е ѕвездородно подрачје,[11][12] приближно нормално на правецот на самото Сонце, претпоставувајќи дводимензионалност.

Во 2019 г. истражувачите нашле меѓуѕвездено железо-60 (60Fe) на Антарктикот, кое го поврзуваат со Месниот Меѓуѕвезден Облак.[13]

Содејство со Сончевото магнетно поле[уреди | уреди извор]

Во 2009 г. податоците од сондата „Војаџер 2“ покажале дека магнетната јачина на месната меѓуѕвездена средина е многу поголема отколку што се очекувало (370 до 550 пикотесли (pT), наспроти претходните проценки од 180 до 250 pT). Фактот што Месниот Меѓуѕвезден Облак е силно магнетизиран би го објаснил неговиот досегашен опстанок и покрај притисоците од ветровите кои го имаат оддувано Месниот Меур.[14]

Потенцијалните ефекти на Месниот Меѓуѕвезден Облак врз Земјата во голема мера се намалени благодарение на сончевиот ветар и Сончевото магнетно поле.[8] Ова заемодејство со хелиосферата се проучува од Истражувачот на меѓуѕвездените граници (IBEX), сателит на НАСА кој ги исцртува границите меѓу Сончевиот Систем и меѓуѕвездениот простор.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „NAME LIC“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
  2. 2,0 2,1 Gilster, Paul (1 септември 2010). „Into the Interstellar Void“. Centauri Dreams.
  3. Linsky, Jeffrey (23 март 2020), „What lies immediately outside of the heliosphere in the very local interstellar medium (VLISM): morphology of the Local Interstellar Cloud, its hydrogen hole, Stromgren Shells, and 60Fe accretion“, Egu General Assembly Conference Abstracts, Copernicus GmbH: 1410, Bibcode:2020EGUGA..22.1410L, doi:10.5194/egusphere-egu2020-1410, S2CID 226032795
  4. 4,0 4,1 „Our Local Galactic Neighborhood“. Interstellar Probe Project. NASA. 2000. Архивирано од изворникот на 21 ноември 2013. Посетено на 8 август 2012.
  5. 5,0 5,1 Frisch PC, и др. (септември 2011). „The Interstellar Medium Surrounding the Sun“. Annual Review of Astronomy and Astrophysics. 49 (1): 252. Bibcode:2011ARA&A..49..237F. doi:10.1146/annurev-astro-081710-102613. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 28 декември 2021.
  6. Linsky JL, и др. (18 ноември 2019). „The Interface between the Outer Heliosphere and the Inner Local ISM“. The Astrophysical Journal. 886 (1): 41. doi:10.3847/1538-4357/ab498a. S2CID 203642080. Посетено на 28 декември 2021.
  7. Linsky JL, и др. (март 2020). „New results concerning the environment of the heliosphere, nearby interstellar clouds, and physical processes in the inter–cloud medium“. Journal of Physics: Conference Series. 1620 (1): 012010. Bibcode:2020JPhCS1620a2010L. doi:10.1088/1742-6596/1620/1/012010. S2CID 225188522. Посетено на 28 декември 2021.
  8. 8,0 8,1 „Near-Earth Supernovas“. NASA Science. NASA. 6 јануари 2003. Посетено на 1 февруари 2011.
  9. Boulanger, F.; и др. (2000). „Course 7: Dust in the Interstellar Medium“. Во Casoli, F.; Lequeux, J.; David, F. (уред.). Infrared Space Astronomy, Today and Tomorrow. Les Houches Physics School. Grenoble, France. August 3–28, 1998. 70. стр. 251. Bibcode:2000isat.conf..251B.
  10. United States Committee on Extension to the Standard Atmosphere (октомври 1976). U.S. Standard Atmosphere, 1976. NOAA, NASA and U.S. Air Force. стр. 210–215. OCLC 3360756.
  11. Немиров, Р.; Бонел, Џ., уред. (10 февруари 2002). „The Local Interstellar Cloud“. Астрономска слика на денот. НАСА. Посетено на 21 декември 2016. (англиски)
  12. Немиров, Р.; Бонел, Џ., уред. (17 февруари 2002). „The Local Bubble and the Galactic Neighborhood“. Астрономска слика на денот. НАСА. Посетено на 21 декември 2016. (англиски)
  13. Koll, Dominik; и др. (август 2019). „Interstellar 60Fe in Antarctica“. Physical Review Letters. 123 (7). 072701. Bibcode:2019PhRvL.123g2701K. doi:10.1103/PhysRevLett.123.072701. PMID 31491090. S2CID 201868513.
  14. Opher, M.; и др. (24–31 декември 2009). „A strong, highly-tilted interstellar magnetic field near the Solar System“ (PDF). Nature. 462 (7276): 1036–1038. Bibcode:2009Natur.462.1036O. doi:10.1038/nature08567. PMID 20033043. S2CID 205218936.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]