Нереида (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нереида
Nereid-Voyager2.jpg
Нереида сликана од „Војаџер 2“ во 1989 г.
Откривање[1]
ОткривачГерард Кајпер
Откриено1 мај 1949
Ознаки
Наречена по
Нереидите
Орбитални особености[3]
Епоха 27 април 2019 (ЈД 2458600,5)
Лак на набљудување68,21 г (24.897 д)
5,513,940 kм (0.0368584 ае)
Занесеност0,7417482
0,987 г (360,11 д)
69,95747°
0° 59м 58.86с / day
Наклон5,04909° (кон еклиптиката)
7,090° (кон месната Лапласова рамнина)[2]
319,42404°
296,50396°
Месечина наНептун
Физички особености
11,594 ± 0,017 h[4]
Албедо0,24[4]
0.155[5]
Температура≈50 K (сред. проц.)
19,2[5]
4,4[3]

Нереида (или Нептун II) — трета по големина месечина на Нептун, која има најзанесена орбита од сите месечини во Сончевиот Систем.[6] Откриена е од холандскиот астроном Герард Кајпер во 1949 г. како втора позната месечина на планетата.

Откривање и именување[уреди | уреди извор]

Месечината е откриена на 1 мај 1949 г. од Кајпер според фотографиите направени во опсерваторијата „Мекдоналд“. Самиот Кајпер го предложил нејзиното име, нареувајќи ја по Нереидите — морските нифми од старогрчката митологија, дворјанки на богот Нептун.[1] Ова е последната Нептунова месечина откриена пред пуштањето на „Војаџер 2“ многу подоцна (не сметајќи го заблеженото окултирање на Лариса во 1981 г.).[7]

Физички особености[уреди | уреди извор]

Нереида е трета по големина меѓу Нептуновите месечини, со пречник од околу 180 км,[4] што ја прави невообичаено голема за неправилна месечина.[8] Обликот ѝ е непознат.[9]

Почнувајќи од 1987 г. забележани се големи (за ~1 величина) колебања во сјајноста, што трае со години или месеци, но понекогаш само по неколку дена. Појавата ја забележуваат едни, но не и други, што значи дека знае да биде прилично безредна. Досега никој нема добро образложание за колебањата, но, ако се вистински, тогаш веројатно се поврзани со вртењето на телото. Вртењето на Нереида омже да биде во состојба на прецесија или безредие (како Хиперион), што се должи на високоелиптичната орбита.

Во 2016 г. се извршени опширни набљудувања со вселенскито телекоп „Кеплер“, каде се забележани само малозамавни разлики (0,033 величини). Топлинското моделирање врз основа на инфрацрвените набљудувања од вселенските телескопи „Спицер“ и „Хершел“ укажуваат на тоа дека Нереида е само умерено издолжена, со сооднос на страните од 1,3:1, што ја отфрла наметнатата прецеција на вртењето.[4] Моделот упатува и дека телото има многу нерамна површина, слична на Сатурновата месечина Хиперион.[4]

Спектрално, Нереида има неутрална боја[10] и на нејзината површина е забележан воден мраз.[11] Има преоден спектар, некаде помеѓу Урановите месечини Титанија и Умбриел, што значи дека површината ѝ е сочинета воден мраз помешан со некаков спектрално неутрален материјал.[11] Спектарот е значајно различен од малите планети во надворешниот Сончев Систем, кентаурите Фол, Хирон и Харикло, што упатува на заклучокот дека Нереида се образувала околу Нептун, а не подоцна зафатено тело.[11]

Халимеда, which displays a similar gray neutral colour, may be a fragment of Nereid that was broken off during a collision.[10]

Орбита и вртење[уреди | уреди извор]

Нереида кружи околу Нептун во напредна насока на просечно растојание од 5.513.400 км, но поради големата занесеност од 0,7507 растојанието може да биде од 1.372.000, па сè до 9.655.000 км.[2][12]

Високозанесената орбита на Нереида околу Нептун.

Судејќи по необичната орбита, може да се заклучи дека се работи за зафатен астероид или тело од Кајперовиот Појас, или пак дека телото некогаш било внатрешна месечина кое претрпело растројување при зафатот на најголемата Нептунова месечина, Тритон.[11] Доколку тоа е исправно, таа може да е единствената преостаната месечина од првичните правилни месечини на планетата.[13]

Во 1991 г. е утврдено дека вртежниот период изнесува 13,6 часа со анализа на светлинската крива.[14] Во 2016 г. е пронајден јасен вртежен период од 11,594 ± 0,017 часа, овојпат според набљудувањата со вселенскиот телескоп „Кеплер“.[4]

Истражување[уреди | уреди извор]

Единственото летало кое ја посетило Нереида е „Војаџер 2“, минувајќи на растојание од 4.700.000 км[15] од 20 април и 19 август 1989 г.[16] Леталото направило 83 слики, со точност од 70 до 800 км.[16] Пред ова, телото било набљудувано само од Земјата, што овозможувало да се одредат само нејзината суштинска сјајност и орбитални елементи.[17] Иако направените слики немаат доволна острина за да ја доловат површината на месечината, потфатот успешно го овозможил утврдувањето на нејзината големина, сивата боја и фактот дека нејзиното албедо е поголемо од Нептуновото и она на другите мали месечини.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Kuiper, G. P. (август 1949). „The Second Satellite of Neptune“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 61 (361): 175–176. Bibcode:1949PASP...61..175K. doi:10.1086/126166.
  2. 2,0 2,1 Jacobson, R. A. — AJ (3 април 2009). „Planetary Satellite Mean Orbital Parameters“. JPL satellite ephemeris. JPL (Solar System Dynamics). Архивирано од изворникот на 14 октомври 2011. Посетено на 26 октомври 2011.
  3. 3,0 3,1 „M.P.C. 115892“ (PDF). Minor Planet Circular. Minor Planet Center. 27 август 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Kiss, C.; Pál, A.; Farkas-Takács, A. I.; Szabó, G. M.; Szabó, R.; Kiss, L. L.; и др. (април 2016). „Nereid from space: Rotation, size and shape analysis from K2, Herschel and Spitzer observations“ (PDF). Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 457 (3): 2908–2917. arXiv:1601.02395. Bibcode:2016MNRAS.457.2908K. doi:10.1093/mnras/stw081.
  5. 5,0 5,1 „Planetary Satellite Physical Parameters“. JPL (Solar System Dynamics). Архивирано од изворникот 27 мај 2010. Посетено на 26 октомври 2011.
  6. „Planetary Satellite Mean Orbital Parameters“. NASA. 23 август 2013. Посетено на 1 мај 2019.
  7. 7,0 7,1 Smith, B. A.; Soderblom, L. A.; Banfield, D.; Barnet, C.; Basilevsky, A. T.; Beebe, R. F.; Bollinger, K.; Boyce, J. M.; Brahic, A. (1989). „Voyager 2 at Neptune: Imaging Science Results“. Science. 246 (4936): 1422–1449. Bibcode:1989Sci...246.1422S. doi:10.1126/science.246.4936.1422. PMID 17755997.
  8. Grav, T.; M. Holman; J. J. Kavelaars (2003). „The Short Rotation Period of Nereid“. The Astrophysical Journal. 591 (1): 71–74. arXiv:astro-ph/0306001. Bibcode:2003ApJ...591L..71G. doi:10.1086/377067.
  9. Schaefer, Bradley E.; Tourtellotte, Suzanne W.; Rabinowitz, David L.; Schaefer, Martha W. (2008). „Nereid: Light curve for 1999–2006 and a scenario for its variations“. Icarus. 196 (1): 225–240. arXiv:0804.2835. Bibcode:2008Icar..196..225S. doi:10.1016/j.icarus.2008.02.025.
  10. 10,0 10,1 Grav, Tommy; Holman, Matthew J.; Fraser, Wesley C. (20 септември 2004). „Photometry of Irregular Satellites of Uranus and Neptune“. The Astrophysical Journal. 613 (1): L77–L80. arXiv:astro-ph/0405605. Bibcode:2004ApJ...613L..77G. doi:10.1086/424997.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Brown, Michael E.; Koresko, Christopher D.; Blake, Geoffrey A. (декември 1998). „Detection of Water Ice on Nereid“. The Astrophysical Journal. 508 (2): L175–L176. Bibcode:1998ApJ...508L.175B. CiteSeerX 10.1.1.24.1200. doi:10.1086/311741. PMID 11542819.
  12. Jacobson, R. A. (3 април 2009). „The Orbits of the Neptunian Satellites and the Orientation of the Pole of Neptune“. The Astronomical Journal. 137 (5): 4322–4329. Bibcode:2009AJ....137.4322J. doi:10.1088/0004-6256/137/5/4322.
  13. Brozović, M.; Showalter, M. R.; Jacobson, R. A.; French, R. S.; Lissauer, J. J.; de Pater, I. (март 2020). „Orbits and resonances of the regular moons of Neptune“. Icarus. 338: 113462. arXiv:1910.13612. doi:10.1016/j.icarus.2019.113462.
  14. Williams, I.P.; Jones, D.H.P.; Taylor, D.B. (1991). „The rotation period of Nereid“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 250: 1P–2P. Bibcode:1991MNRAS.250P...1W. doi:10.1093/mnras/250.1.1p.
  15. Jones, Brian (1991). Exploring the Planets. Italy: W.H. Smith. стр. 59. ISBN 978-0-8317-6975-8.
  16. 16,0 16,1 Jacobson, R.A. (1991). „Triton and Nereid astrographic observations from Voyager 2“. Astronomy and Astrophysics Supplement Series. 90 (3): 541–563. Bibcode:1991A&AS...90..541J.
  17. „PIA00054: Nereid“. NASA. 1996-01-29. Посетено на 8 ноември 2009.