Хајнрих Даре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хајнрих Луј Даре
Heinrich Louis d'Arrest.jpg
Хајнрих Луј Даре
Роден 13 август 1822
Берлин
Починал 14 јуни 1875(1875-06-14)
Копенхаген
Националност германец
Познат по Нептун
Поважни награди Златен медал од Кралското астрономско друштво
Лаландова награда (1844)

Хајнрих Луј Даре (германски: Heinrich Louis d'Arrest; 13 август 182214 јуни 1875) — [1] германски астроном, роден во Берлин. Неговото име понекогашсе води како Хајнрих Лудвиг Даре.

Биографија[уреди | уреди извор]

додека бил студент на универзитетот во Берлин, Даре бил дел од дружината на Јохан Готфрид Гал која трагала по Нептун. На 23 септември 1846 г, тој предложил дека на одредена неодамнешно нацртана карта од небото, од областа која ја предвидел Ирбен Леврие, може да се спореди со денешното небо и да се побара поместувањето кое е особеност на планета, во споредба со неподвижните ѕвезди. Нептун бил откриен истата ноќ.

Подоцнежната работа во Лајпцигшката опсерваторија го навела, во 1851 година, да ја открие кометата именувана според него (означена како 6P/Даре). Тој исто така ги проучувал астероидите (го открил астероидот 76 Фреја) и маглините.

Во 1864 година неуспешно се обидел да ги најде сателитите на МАрс, и поставил горна граница од 70 [лачна минута|лачни минути]] како растојание од кое би требало да се бараат месечините на Марс.[2]

Во 1875 година го добива златениот медал на Кралското астрономско друштво.

Во 1857 година, се оженил за Августина Емилија Мебиус, ќерката на неговиот тогашен надгледувач, Август Фердинанд Мебиус.[3] Починал во Копенхаген, Данска.

Според него е именуван кратерот Даре на Месечината, како и кратерот на марсовата месечина Фобос и астероидот 9133 Даре.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Müller, August, Allgemeines Wörterbuch der Aussprache ausländischer Eigennamen (7th ed., 1903), p. 34.
  2. Lord Lindsay, "Address," Monthly Notices of the Royal Astronomical Society 39:4 (Feb. 14, 1879), p. 311.
  3. Hockey, Thomas (2009). The Biographical Encyclopedia of Astronomers. Springer Publishing. ISBN 978-0-387-31022-0. http://www.springerreference.com/docs/html/chapterdbid/58330.html. конс. 22 август 2012 г.