Прејди на содржината

Ирбен Леверје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ирбен Леверје
Urbain Le Verrier
Роден(а)11 март 1877
Сен-Ло, Франција
Починал(а)23 септември 1877(1877-09-23) (возр. 66)
Париз, Франција
НационалностФранцуско
ПолињаМатематика
Познат поОткривањето на Нептун

Ибрен Леверје (француски: Urbain Le Verrier; 11 март 1811 - 23 септември 1877) — француски математичар и астроном.

Откако ги проучил неправилностите во орбитата на Уран, го предвидел постоењето на Нептун и ја пресметал положбата на планетата во 1846 година. Тој го замолил германскиот астроном Јохан Готфрид Гале да го открие Нептун, а за еден час тој навистина успеал да го забележи.