Таласа (месечина)
Таласа (1989 N5) гледана од „Војаџер 2“ на 23 август 1989 г. | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Ричард Терил[1] и Екипата за слики на „Војаџер“ |
Откриено | септември 1989 |
Ознаки | |
Наречена по | божицата Таласа |
Орбитални особености[2][3] | |
Епоха 18 август 1989 | |
50.074,44 км | |
Занесеност | 0,00176 ± 0,00054 |
0,31148444 ± 0,00000006 д | |
Наклон |
|
Месечина на | Нептун |
Физички особености | |
Димензии | 108 × 100 × 52 км[4][5] |
Среден полупречник | 40,7 ± 2,8 км[6] |
Средна густина | 1,23 ± 0,43 г/см3[7] |
синхрон | |
нула | |
Албедо | 0,091[4][6] |
Температура | ~51 K (сред. проц.) |
23,32[6] |
Таласа (или Нептун IV) — една од месечините на планетата Нептун, втора по внатрешност. Наречена е по морската божица Таласа, ќерка на Етер и Хемера во старогрчката митологија.
Откривање
[уреди | уреди извор]Месечината е откриена извесно време пред средината на септември 1989 г. анализирајќи ги сликите направени од вселенската сонда „Војаџер 2“. Првично ја добила привремената ознака S/1989 N 5.[8] Откритието е објавено на 29 септември 1989 г. и споменува „25 кадри направени во текот на 11 дена“, што значи дека е откриена некаде пред 18 септември. Именувана е на 16 септември 1991 г.[9]
Физички особености
[уреди | уреди извор]Таласа има неправилен облик. Веројатно е дека е сочинета од збировит отпад насобран од парчињата останати од првобитните Нептунови месечини, кои се избиени од растројувањата на Тритон набргу по зафатот на таа месечина во мошне занесена првична орбита.[10] Има приближен облик на диск, што е необично за неправилно тело.
Орбита
[уреди | уреди извор]Бидејќи орбитата на Таласа се наоѓа под полупречникот на Нептуновата синхрона орбита, таа е во постепено оди навнатре со вртложно движење под дејство на плимно забавување и со време може да се судри со атмосферата на планетата, или пак да се раздроби во планетарен прстен откако ќе ја премине нејзината Рошова граница под влијание на плимно растегање. За релативно кратко време, раширениот отпад може да ја засегне орбитата на месечината Деспина.
Таласа тековно е во орбитална резонанција 69:73 со највнатрешната месечина на Нептун, Најада, во „танц на избегнување“. Кружејќи околу планетата, понаклонетата Најада успешно ја одминува Таласа двапати озгора и двапати оздола, во циклус кој се повторува на секои ~21,5 Земјини денови. Двете месечини се одминуваат на меѓусебно растојание од 3.540 км. Иако нивните орбитални полупречници се разликуваат за само 1.850 км, Најада прави замав ~2.800 км над или под орбиталната рамнина на Таласа при најголемата приближеност. Така, оваа резонанција, како многу такви орбитални соодноси, ги стабилизира орбитите со тоа што наметнува најголема можна одделеност при сврзување. Сепак, она што е необично е улогата во ова избегнување на Најадиниот орбитален наклон од речиси 5° во состојба на минимални занесености.[7][11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Planet Neptune Data http://www.princeton.edu/~willman/planetary_systems/Sol/Neptune/
- ↑ Jacobson, R. A.; Owen, W. M., Jr. (2004). „The orbits of the inner Neptunian satellites from Voyager, Earthbased, and Hubble Space Telescope observations“. Astronomical Journal. 128 (3): 1412–1417. Bibcode:2004AJ....128.1412J. doi:10.1086/423037.
- ↑ Showalter, M. R.; de Pater, I.; Lissauer, J. J.; French, R. S. (2019). „The seventh inner moon of Neptune“ (PDF). Nature. 566 (7744): 350–353. Bibcode:2019Natur.566..350S. doi:10.1038/s41586-019-0909-9. PMC 6424524. PMID 30787452. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-02-22. Посетено на 2021-06-02.
- ↑ 4,0 4,1 Karkoschka, E. (2003). „Sizes, shapes, and albedos of the inner satellites of Neptune“. Icarus. 162 (2): 400–407. Bibcode:2003Icar..162..400K. doi:10.1016/S0019-1035(03)00002-2.
- ↑ Williams, D. R. (11 јануари 2008). „Neptunian Satellite Fact Sheet“. NASA (National Space Science Data Center). Посетено на 13 декември 2008.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „Planetary Satellite Physical Parameters“. JPL (Solar System Dynamics). 2010-10-18. Посетено на 15 ноември 2019.
- ↑ 7,0 7,1 Brozović, M.; Showalter, M. R.; Jacobson, R. A.; French, R. S.; Lissauer, J. J.; de Pater, I. (31 октомври 2019). „Orbits and resonances of the regular moons of Neptune“. Icarus. 338 (2): 113462. arXiv:1910.13612. doi:10.1016/j.icarus.2019.113462.
- ↑ Green, D. W. E. (29 септември 1989). „Neptune“. IAU Circular. 4867. Посетено на 26 октомври 2011.
- ↑ Marsden, B. G. (16 септември 1991). „Satellites of Saturn and Neptune“. IAU Circular. 5347. Посетено на 26 октомври 2011.
- ↑ Banfield, D.; Murray, N. (октомври 1992). „A dynamical history of the inner Neptunian satellites“. Icarus. 99 (2): 390–401. Bibcode:1992Icar...99..390B. doi:10.1016/0019-1035(92)90155-Z.
- ↑ „NASA Finds Neptune Moons Locked in 'Dance of Avoidance'“. Jet Propulsion Laboratory. 14 ноември 2019. Посетено на 15 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Таласа (месечина)“ на Ризницата ? |
- Профил на Таласа Архивирано на 1 август 2007 г. — Истражување на Сончевиот Систем (НАСА) (англиски)
- Познатите месечини на Нептун од Скот Шепард (англиски)
- Танц на Нептуновата месечина на YouTube — анимација од Лабораторијата за реактивен погон
|
|
|