317 Роксана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
317 Роксана
Orbit of 371 Roxane.gif
Орбитата на 371 Роксана
Откривање
ОткривачОгист Шарлоа
Откриено11 септември 1891
Ознаки
главен појас
Орбитални особености[1]
Епоха 31 јули 2016 (ЈД 2457600,5)
Параметар на неодреденост 0
Лак на набљудување124,03 г (45302 д)
Афел2,4832 ае (371,48 Гм)
Перихел2,0901 ае (312,67 Гм)
2,2866 ае (342,07 Гм)
Занесеност0,085956
3,46 јг (1263,0 д)
39,3360°
0° 17м 6.18с дневно
Наклон1,7657°
151,38°
186,926°
Физички особености
Димензии18,67±1,4 км
8,169 ч (0,3404 д)
0,4928±0,083
E
10,03

Роксана (317 Роксана, меѓун. 317 Roxane) — астероид од астероидниот појас со пречник од околу 19 км. Откриен е на 11 септември 1891 г. од францускиот астроном Огист Шарлоа во Ница. Името му го дал Ф. Бидшоф, помошник во Виенска опсерваторија, по барање на Шарлоа; Бидшоф избрал да го нарече по кралицата Роксана, сопругата на Александар Македонски.[2][3][4]

Во 2008 г. стручна екипа утврдила дека овој астероид највеќе скептроскопски одговара на метеоритот „Пења Бланка Спрингс“ паднат во Тексас во 1946 г. што би значело дека тој е парче откршено од Роксана.[5]

Во 2009 г. во опсерваторијата „Џемини Север“ е откриена месечина која кружи околу Роксана, користејќи телекоп со адаптивна оптика. Месечината е наречена Олимпија, по мајката на Александар Македонски и свекрва на Роксана. Пред да добие име, ја носела привремената ознака S/2009 (317) 1.[6] Таа има пречник од 5 км и кружни на растојание од 245 км од Роксана, исполнувајќи еден круг за 13 дена.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „317 Roxane“. JPL Small-Body Database. NASA/Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 11 мај 2016.
  2. Lutz Schmadel (2003). Dictionary of Minor Planet Names. Springer Science & Business Media. стр. 42. ISBN 978-3-540-00238-3.
  3. Charlois, A.; Benennung von kleinen Planeten, Astronomische Nachrichten, Vol. 132, No. 3155, p. 175
  4. Schmadel, Lutz D. (2007). „(317) Roxane“. Dictionary of Minor Planet Names – (317) Roxane. Springer Berlin Heidelberg. стр. 42. doi:10.1007/978-3-540-29925-7_318. ISBN 978-3-540-00238-3.
  5. Fornasier, S. et al.; Visible and near infrared spectroscopic investigation of E-type asteroids, including 2867 Šteins, a target of the Rosetta mission, [Icarus, Vol. 196, No. 1, p. 119-134
  6. „MPEC 2020-V139 : (317) Roxane I = Olympias“. Minor Planet Electronic Circular. Minor Planet Center. 14 ноември 2020. Посетено на 14 ноември 2020.
  7. Wm. Robert Johnson, "(317) Roxane and S/2009 (317) 1, Johnston's Archive. 11 декември 2009. посет. 1 јануари 2012 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]