База на мали небесни тела на JPL

Од Википедија — слободната енциклопедија

База на мали небесни тела на JPL (англиски: JPL Small-Body Database, SBDB) — астрономска база на податоци посветена на мали тела во Сончевиот Систем. Базата е во надлежност на Лабораторијата за реактивен погон (JPL) и НАСА, и одржува податоци за сите познати астероиди и неколку комети, вклучувајќи орбитални параметри и дијаграми, физички шеми и библиографија на дела во кои се обработува телото. Базата се подновува секојдневно[1]

Податоци за доближувања[уреди | уреди извор]

Базата располага со податоци за доближувањето на поважните планети и 16 најмасивни астероиди. Се добиваат со придодавање на „;cad=1“ на крајот од адресата.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Прелистувач по Базата на малите небесни тела на JPL“. НАСА/JPL. Посетено на 2012-03-19. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]