Јапет (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јапет
Iapetus
Јапетус
Фото мозаик на Јапет направен од слики на Касини, 31 декември 2004 година, на кој што се гледа темниот регион Касини и неговата граница со светлата страна (Ронсевалска земја), повеќе големи кратери (Фалсарон над центарот, Торџис, најголемиот кратер, десно) и екваторскиот гребен
Откривање
Откривач Џовани Доменико Касини
Откриено 25 октомври, 1671 година
Ознаки
Сатурн VIII
Saturn VIII
Орбитални особености
3560820 km
Занесување 0.0286125
79.3215 д.
3.26 км/с[б 1]
Наклон
  • 17.28° (кон елипсата)
  • 15.47° (кон екваторот на Сатурн)[1]
Месечина на Сатурн
Физички особености
Димензии 1,492.0 × 1,492.0 × 1,424 км <
Среден полупречник
734.5±2.8 км
6700000 км²
Маса 1.805635±0.000375×1021 kg
Средна густина
1.088±0.013 г/цм³
0,224 м/с²
0,573 км/с
79.3215 Земјини денови
нула
Албедо 0,05–0,5[2]
Температура -183,15 до -143.15 °C
10,2–11,9

Јапет — трет најголем природен сателит на Сатурн, единаесетиот најголем во Сончевиот систем,[3] и најголемото небесно тело во Сончевиот систем кое што не се наоѓа во хидростатичка рамнотежа. Неговата оддалеченост од Сатурн изнесува 3,56 милиони километри, неговиот пречник изнесува 1.436 километри, додека пак орбиталниот период на овој сателит изнесува 79,32 Земјини денови.

Повеќето внатрешни и големи месечини на Сатурн кружат во екваторската рамнина (исто така, рамнината на прстените). Јапет е исклучок, затоа што неговата орбита е закосена за 14,72 степени во однос на екваторската рамнина. Другите месечини имаат орбити со уште поголемо закосување, но тие се многу помали, надворешни месечини. Јапет е дваесеттата најоддалечена месечина од Сатурн и најоддалечена голема месечина на планетата.

Исто така, има синхронизирана ротација. Јапет го открил Џовани Касини додека работел во Париз на 25 октомври 1671 година. Тој забележал дека Јапет има природно темна предна хемисфера и светла задна хемисфера. Темната област е наречена Реџио Касини (италијански: Cassini Regio; македонски: Област Касини) и е покриена со материјал темен како јаглен, како контраст на ледената површина на светлата страна (француски: Roncevaux Terra; македонски: Ронсевалска земја). Иако сондата „Касини-Хајгенс“ открила поголем дел од површината, оштетена од кратери, потеклото на темниот материјал останува мистерија. Постоеле претпоставки дека материјалот избил од внатрешноста на месечината или дека е ејекта од ударите на уште подалечни месечини, како, на пример Фојба.

Екваторски гребен[уреди | уреди извор]

Екваторскиот гребен

Единствената структура што ја открил „Касини-Хајгенс“ создала уште една загатка. Не е познато дали гребенот, со должина од 1.300 километри, ширина од 20 километри и висина од 13 километри (некои врвови достигнуваат и 20 километри) што се наоѓа речиси на екваторот на месечината, е свиткан планински појас или материјал што избил низ пукнатината на месечината.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>, или пак недостасува завршно </ref>.

  1. Jacobson, R.A. (2009) SAT317 (17 декември 2009). „Planetary Satellite Mean Orbital Parameters“. JPL/NASA. http://ssd.jpl.nasa.gov/?sat_elem#saturn. посет. 15 јануари 2011 г. 
  2. Williams, David R.. „Saturnian Satellite Fact Sheet“. NASA. http://nssdc.gsfc.nasa.gov/planetary/factsheet/saturniansatfact.html. посет. 4 ноември 2007 г. 
  3. The moons more massive than Iapetus are: the Moon, the 4 Galilean moons (Ganymede, Callisto, Io, and Europa), Titan, Rhea, Titania, Oberon, and Triton. See JPLSSD.