Телесто (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Телесто снимен од Касини, октомври 2005 година

Телестомесечина на Сатурн. Првичното име на оваа месечина било S/1980 S 13.

Телесто се движи по иста орбита во прстенот Е заедно со уште две месечини: Калипсо, што има слична големина како Телесто, и поголемата Тетида. Телесто се движи по орбитата 60° пред Тетида, а Калипсо 60° зад Тетида. Положбите на двете помали месечини во орбитата се наречени точки Лагранж. ВО овие положби двете помали месечини можат да ја одржуваат орбитата стабилна, одржувајќи рамнотежа меѓу гравитационите сили на Сатурн и Тетида. Телесто и Калипсо биле отркиени во 1980 година - Калипсо од опсерваторија на Земјата, а Телесто од страна на „Војаџер“.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]