Нордиска група

Од Википедија — слободната енциклопедија
Неправилните месечини на Сатурн. Прикажана е Нордиската група во однос на останатите. Занесеноста на орбитите е претставена со жолти отсечки (од перицентарот до апоцентарот), а наклонот е прикажан долж Y-оската.

Нордиска група — голема група на повратни неправилни месечини на Сатурн. Нивните големи поуоски се движат од 12 до 24 Гм, наклоните им изнесуваат од 136° до 175°, а занесеноста им е од 0,13 до 0,77. За разлика од Инуитската и Галската група, орбиталните параметри се широко распределени и групата веројатно е сочинета од разни подгрупи со поеднообразни орбитални и физички параметри. На пример, се смета дека само оние со наклон околу 174 степени се од две подгрупи. Други осум ја образуваат Скадиевата подгрупа. Нивните големи полуоски се движат од 15 до 20 Гм, а наклоните им се помеѓу 147° и 158°. Нарви образува одделна подргупа со Бестла. Меѓународниот астрономски сојуз користи имиња од нордиската митологија (претежно џинови) за месечините од оваа група. Исклучок е Феба (старогрчка митологија), која е најголема и откриена долго пред останатите.

Во октомври 2019 г. е објавено дека се откриени 17 нови месечини во групата. Тие се дел од поголемото откритие на 20 месечини на Скот Шепард со телескопот „Субару“ на Мауна Кеја, сите со пречник од околу 5 км. Една од нив е најдалечната месечина на Сатурн. Сите седумнаесет исто така ќе добијат имиња од нордиската митологија.[1]

Членови[уреди | уреди извор]

Ова се членовите на групата, подредени по близина до Сатурн:

(?) — месечината не е повторно забележана откако е откриена, па затоа се смета за изгубена.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]