Кивиук (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кивиук
Kiviuq-CFHT.gif
Кивиук сликан во септември 2000 г.
Откривање[1]
ОткривачБрет Гледман и Џон Кавеларс
Откриено18 ноември 2000
Ознаки
S/2000 S 5
Орбитални особености
Епоха 2000 февруари 26,00[2]
11.111 Гм
Занесеност0,3288
449,22 д
(1,23 г)
Наклон45,71
Месечина наСатурн
Физички особености
21,97 ± 0,16 ч[3][4]
Албедо0,04[5] претпост.
Спектрален тип
B−V=0,87
R−V=0,66[6]/0,48[7]
тип D[7]

Кивиук (Kiviuq) — неправилна месечина на Сатурн. Откриена е од канадските астрономи Џон Кавеларс и Брет Гледман[8] во 2000 г., кога ѝ е дадена привремената ознака S/2000 S 5.[9][10] Подоцна е наречен по јунакот Кивиук од ескимската (инуитска) митологија.[11]

Месечината има пречник од 16-17 км и кружи околу Сатурн на просечно растојание од 11,1 милиони километри, исполнувајќи едно свртување за 450 дена. Член е на таканаречената Инуитска група на месечини. Има светлоцрвена боја, со инфрацрвен спектар мошне сличен на месечините Сијарнак и Палијак од истата група, што оди во прилог на тезата дека сите тие настанале со распад на едно матично тело.[7][12]

Се смета дека Кивиук е во Козаина резонанција, каде циклично претрпува намален орбитален наклон и зголемена занесеноста и обратно.[13]

Замавот на светлинската крива на Кивиук е голем, поради што сјајноста му се колеба за 2 величини. Ова укажува на издолжен обик, а можеби и допирна двојка.[3]

Истражување[уреди | уреди извор]

На 30 август 2010 г. вселенското летало „Касини–Хајгенс“ ја измерило светлинската крива на телото на оддалеченост од 9,3 милиони километри. Според овие податоци, утврдено е дека вртежниот период му изнесува 21 час и 49 минути.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Discovery Circumstances (JPL)
  2. Средни орбитални параметри од JPL
  3. 3,0 3,1 Denk, T.; Mottola, S. (2019). Cassini Observations of Saturn's Irregular Moons (PDF). 50th Lunar and Planetary Science Conference. Lunar and Planetary Institute.
  4. 4,0 4,1 T. Denk, S. Mottola, et al. (2011): Rotation Periods of Irregular Satellites of Saturn. EPSC/DPS conference 2011, Nantes (France), abstract 1452.
  5. Scott Sheppard pages
  6. Grav, T.; Holman, M. J.; Gladman, B. J.; Aksnes, K.; Photometric survey of the irregular satellites, Icarus, 166 (2003), pp. 33–45
  7. 7,0 7,1 7,2 Grav, T.; and Bauer, J.; A deeper look at the colors of Saturnian irregular satellites
  8. Kavelaars, J. J., et al. The discovery of faint irregular satellites of Uranus Icarus 169 (2004), 474.
  9. IAUC 7521: S/2000 S 5, S/2000 S 6 18 ноември 2000 г. (откривање)
  10. MPEC 2000-Y14: S/2000 S 3, S/2000 S 4, S/2000 S 5, S/2000 S 6, S/2000 S 10 19 декември 2000 г. (откривање и ефемерида)
  11. IAUC 8177: Satellites of Jupiter, Saturn, Uranus August 8, 2003 (naming the moon)
  12. Gladman, B. J.; Nicholson, P. D.; Burns, J. A.; Kavelaars, J. J.; Marsden, B. G.; Holman, M. J.; Grav, T.; Hergenrother, C. W.; Petit, J.-M.; Jacobson, R. A.; and Gray, W. J.; Discovery of 12 satellites of Saturn exhibiting orbital clustering, Nature, 412 (12 јули 2001), pp. 163–166
  13. Ćuk, M.; and Burns, J. A.; On the Secular Behavior of Irregular Satellites, The Astronomical Journal, Vol. 128 (2004), pp. 2518–2541

Надворешни врски[уреди | уреди извор]