Бевин (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бевин
Bebhionn-cassini.png
Бевин во мај 2017 г.
Откривање
ОткривачСкот Шепард
Дејвид Џуит
Џен Клина
Брајан Марсден
Откриено2004
Ознаки
Наречена по
божицата Бевин
S/2004 S 11
Орбитални особености [1]
17.119.000 км
Занесеност0,469
−834,8 дена
Наклон35,01°
Месечина наСатурн
Физички особености
16,33 ± 0,03 ч[2]
24,1

Бевин (ирски: Bebhionn) или Сатурн XXXVII — мала неправилна месечина на Сатурн. Откриена е од Скот Шепард, Дејвид Џуит, Џен Клина и Брајан Марсден во нивните набљудувања од 12 декември 2004 и 9 март 2005 г. Откритието е објавено на 4 мај 2005 г.

Месечината има пречник од околу 6 км и кружи околу Сатурн на просечно растојание од 16,89 Гм во рок од 820,13 дена при наклон од 41° кон еклиптиката (18° кон Сатурновиот екватор) со занесеност од 0,333. Утврдено е дека вртежниот период ѝ изнесува 16,33 ± 0,03 часа според мерењата на вселенското летало „Касини“.[2][3]

Име[уреди | уреди извор]

Месечината го добила своето трајно име во април 2007 г. во чест на Бевин, божица на плодноста од раната ирска митологија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. S.S. Sheppard (2019), Moons of Saturn, Carnegie Science, on line
  2. 2,0 2,1 Denk, T.; Mottola, S. (2019). Cassini Observations of Saturn's Irregular Moons (PDF). 50th Lunar and Planetary Science Conference. Lunar and Planetary Institute.
  3. T. Denk, S. Mottola, et al. (2011): Rotation Periods of Irregular Satellites of Saturn. EPSC/DPS conference 2011, Nantes (France), abstract 1452.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]