Палена (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Палена во септември 2010

Палена - мала месечина на Сатурн. Една од трите мали месечини во групата Алкониди која што лежи помеѓу орбитите на Мимас и Енцелад. Позната е и по ознаката Сатурн XXXIII.

Двете мали месечини кои што кружат меѓу главните месечини на Мимас и Енцелад биле откриени во 2004 година, додека во 2007 година била откриена третата месечина од оваа група - Анте (S/2007 S 4) со помош на податоците добиени од „Касини“. Како и сите други слични пронајдоци, месечините првично биле означени со броеви (S/2004 S 1 за Метона и S/2004 S 2 за Палена).

Откривање[уреди | уреди извор]

Алконидите не пронајдени случајно, туку биле откриени на снимките направени во текот на откривањето нови месечини во оваа област околу Сатурн. Контрастот на снимките бил зголемен за да се подобри видливоста. Дваесет и осум снимки биле направени во текот на 9,25 часа. Тие заедно претставуваат филм на кој е претставено движењето на Палена по кружната патека околу Сатурн.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]