Темида (претпоставена месечина)
На 28 април 1905 г., Вилијам Пикеринг, кој седум години пред тоа ја открил Феба, го објавил откривањето на десеттиот сателит на Сатурн, и веднаш го нарекол Темида. Фотографските плочки на кои наводно се појавил, тринаесет на број, биле од периодот меѓу 17 април и 8 јули 1904 година. Сепак, ниту еден друг астроном никогаш не го потврдил постоењето на Темида.
Пикеринг се обидел да пресмета орбита, која покажала прилично висока наклонетост (39,1° кон еклиптиката), прилично голема ексцентричност (0,23) и голема полуоска (1.457.000 км) нешто помалку од онаа на Хиперион. Периодот наводно бил 20,85 дена, со напредно движење.]]
Пикеринг го проценил пречникот на 61 км, но бидејќи ѝ дал приближен пречник колку и на Феба (сметал дека таа има пречник 68 км), тој очигледно го преценил албедото; ако денес е познато дека Феба има пречник од 213 км, тогаш Темида би требало да има пречник од 200 километри.
Било чудно што, во април 1861 година, и Херман Голдшмит верувал дека открил нов сателит на Сатурн помеѓу Титан и Хиперион, кој го нарекол Хирон. Хирон исто така не постои (но, името било искористело многу подоцна за да се именува кометата / астероидот 2060 Хирон).
Пикеринг добил Лаландова Награда од Француската Академија на Науките во 1906 година за неговото „откривање на деветтиот и десеттиот сателит на Сатурн“.
Десеттиот (вистински) откриен сателит на Сатурн (по редослед на откривање) бил Јанус, кој бил откриен во 1966 година и потврден во 1980 година. Неговата орбита е далеку од наводната орбита на Темида.
Има и астероид наречен 24 Темида .
Темида во научната фантастика
[уреди | уреди извор]- Филип Латам (под псевдонимот Роберт Ричардсон), во неговиот роман „Исчезнатите луѓе на Сатурн“, во воведот пишува дека Темида се судрила со Титан, „со што се ослободил од малата досадна планета еднаш засекогаш“.
- Научно фантастичниот роман „Титан“ од Џон Варли се однесува на експедиција на Сатурн. Додека се приближуваат до планетата и се подготвуваат да влезат во орбитата, астрономот во вселенскиот брод открива нова месечина. Се верувало дека повторно ја откриле изгубената месечина на Пикеринг, па ја именувале како Темида.
- Во романот „Шредингерова мачка“ од Роберт Антон Вилсон честопати се споменува Пикеринговата Месечина како сателит што се кружи на „погрешен начин“ (т.е. назадно) околу своето примарно тело.
- Нелсон Бонд, во неговиот научно фантастичен расказ од 1943 година „Патешествието на Ланселот Бигс“, раскажува дека Темида од време на време исчезнува кога се задскрива зад својата месечина, невидливо тело со „чудни својства да може да ги искривува светлосните бранови околу себе“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Deguy: Le Cosmos revue encyclopedique hebdomadaire des progress des Sciences et de leurs applications aux arts et a l'industrie, стр. 421 (1861)
- Анали на опсерваторијата на колеџот Харвард, кн. 53, бр. 9, стр. 173-185 (1905)
- Билтен бр. 189 на опсерваторијата на колеџот Харвард, стр. 1 (април 1905 г.)
- АнХар 53 (1905) 173
- АнХар 61 (1908) 86
- MNRAS 69 (1909) 215
- Обс 28 (1905) 12:433
- Обс 31 (1908) 8:295
- Обс 32 (1909) 3:79
- ПАСП 18 (1906) 96
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|