Полидевк (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Полидевк
Сатурновата месечина Полидевк
Сатурновата месечина Полидевк, сликана од вселенското летало Касини
Откривање
ОткривачКасини тимот задолжен за сликање
Откриено24 октомври 2004
Ознаки
Наречена по
Полукс Другото име за Полукс
Диона Ц
S/2004 С 5
Орбитални особености [3]
377,396 km [lower-alpha 1]
Занесеност0.0192 [3]
2.736915 d [lower-alpha 1]
Наклон0.1774 ± 0.0015° [3]
Месечина наСатурн
Физички особености
Димензии3 × 2.5 × 2 km[4]
Среден полупречник
1.3 ± 0.4 km[4]
Маса1–5 ×1013 кг[lower-alpha 2]
синхронизирана (претпоставка)

Полидевк, или Сатурн XXXIV, е мал природен сателит на Сатурн кој е коорбитален со месечината Диона и се наоѓа околу нејзината задна Лагранжова точка (L5). Нејзиниот дијаметар се проценува дека изнесува 2 до 3 км. Другата коорбитална месечина на Диона е Елена, која е поголема и се наоѓа на предната точка L4.[5]

Полидевк била откриена од страна на Касини тимот задолжен за сликање на 24 октомври 2004 годин,[6] на сликите направени на 21 октомври 2004 година,[7] [8] и ѝ дале привремена ознака S/2004 С 5 . По прегледувањето на сликите од Касини ја забележале месечината Полидевк на сликите направени уште на 9 април 2004 година.[6]

Од четирите познати Лагранжови коорбитали во системот на Сатурн („тројанска месечина“), Полидевк лута најдалеку од својата Лагранжова точка: неговото растојание зад Диона варира од 33,9° до 91,4° со период од 790,931 дена (за споредба, L5 ја следи Диона на 60°). [3] Либрацијата на Полидевк е доволно голема за да има некои своства на полноглавкса орбита, што се потврдува со јасната асиметрија меѓу излетите кон и од Диона. Во текот на еден таков циклус, орбиталниот радиус на Полидевк исто така варира за околу ± 7660 км во однос на Диона.[6]

Името Полидевк било одобрено на 21 јануари 2005 година од Работната група на МАС задолжена за именување на планетарни системи.[9] Во грчката митологија, Полидевк е друго име за Полукс, брат близнак на Кастор, син на Зевс и Леда.

Поради гравитациското дејство со Диона, нејзината површина може да биде во хидростатска рамнотежа. но не и нејзината внатрешност, слично како што Метона е во хидростатска рамнотежа поради интеракциите со Мимант.

Анимација на орбитата на Полидевк во однос на Сатурн и Диона

</br>  Polydeuces ·   Helene ·   Dione ·   Saturn

Поврзано[уреди | уреди извор]

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Средната голема полуоска и периодот мора да бидат идентични со тие на Диона.
  2. засновано на густина од 0.5–2 g/cm³

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lundström (1997) Eranos, v. 95
  2. Levin (1971) Apollonius' Argonautica, v. 1, p. 139
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Spitale Jacobson et al. 2006.
  4. 4,0 4,1 Thomas, P. C. (July 2010). „Sizes, shapes, and derived properties of the saturnian satellites after the Cassini nominal mission“ (PDF). Icarus. 208 (1): 395–401. Bibcode:2010Icar..208..395T. doi:10.1016/j.icarus.2010.01.025.
  5. Patrick Moore; Robin Rees (2014). Patrick Moore's Data Book of Astronomy. Cambridge University Press. стр. 214. ISBN 978-1-139-49522-6.
  6. 6,0 6,1 6,2 Murray Cooper et al. 2005.
  7. Porco Baker et al. 2005.
  8. IAUC 8432.
  9. IAUC 8471.

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]