Фенрир (месечина)
| Откривање[1] | |
|---|---|
| Откритие во | телескоп „Субару“, опсерваторија „Џемини“ |
| Ознаки | |
Наречена по | митскиот волк Фенрир |
| S/2004 S 16[1][2] | |
| Орбитални особености[3] | |
| 22.454.000 км | |
| Занесување | 0,1363 |
| 1260,35 д (3,45 г) | |
| 146,614° | |
| Наклон | 164,955° |
| 330,95° | |
| 120,264° | |
| Месечина на | Сатурн |
| Физички особености | |
| Албедо | 0,04 (претпоставено)[1] |
| 25,0[4] | |
Фенрир (старонордиски: Fenrir) или Сатурн XLI (привремена ознака S/2004 S 16) — месечина на планетата Сатурн. Откриена е од Скот Шепард, Дејвид Џуит, Џен Клина и Брајан Марсден на 4 мај 2005 г. од набљудувања направени помеѓу 13 декември 2004 и 5 март 2005 г. Има привидна величина of 25,[4] што ја прави една од најслабите по сјајност во Сончевиот Систем, и откриена е со најголемите телескопи на светот.[1] Месечината е толку темна[5] што не успеало да ја забележи дури ни вселенското летало „Касини“ кога кружело околу Сатурн (и таму не достигнува привидна величина поголема од 17). Наречена е по џиновскиот волк Фенрир од нордиската митологија, татко на Хати и Скол, син на Локи, кому е судено да ги раскине своите окови за Рагнарок.
Месечината има пречник од 4 км[4] и кружи околу Сонцето на просечно растојание од 22.454 Мм за период од 1.260 дена со наклон од 163° кон еклиптиката (143° кон Сатурновиот екватор) и занос од 0,136. Орбитата ѝ е повратна: кружи околу Сатурн во насока обратна од сопственото вртење, што укажува на тое дека оваа неправилна месечина била зафатена од Сатурн.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Daniel W. E. Green (4 мај 2005). „IAUC 8523: NEW Sats OF SATURN“. International Astronomical Union.
- ↑ Daniel W. E. Green (5 април 2007). „IAUC 8826: Sats OF JUPITER, SATURN“. International Astronomical Union.
- ↑ Jacobson, R.A. (2007) SAT270, SAT271 (3 април 2009). „Planetary Satellite Mean Orbital Parameters“. JPL/NASA. Посетено на 30 јули 2009.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- 1 2 3 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>; нема зададено текст за наводите по име "sheppard". - ↑ Fenrir: Tilmann Denk
- ↑ David C. Jewitt. „Twelve New Moons for Saturn - 2005 May 03“. University of Hawaii (Institute for Astronomy). Архивирано од изворникот на 18 септември 2009. Посетено на 30 јули 2009.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Фенрир (месечина) на Ризницата ?- Знајните месечини на Сатурн Архивирано на 26 септември 2011 г. — Скот Шепард (англиски)
- MPEC 2005-J13: Дванаесет нови месечини на Сатурн, 3 мај 2005 г. (откривање и првиччна ефемерида) (англиски)
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||