Прејди на содржината

Либрација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мените и либрацијата на Месечината за 2013 г. во часовни интервали.
Симулирани погледи на Месечината во текот на еден месец кои покажуваат либрации по должина и ширина.
Теоретскиот опфат на видливата површина на Месечината (зелено) поради либрација, споредено со видливата површина без либрација (жолто).

Либрација (од латински: lībrātiō - „нишање“) — привидното колебливо движење на едно тело во орбита во однос на некое друго. Познати примери за либрација е колебањето на Месечината во однос на Земјата или она на тројанските астероиди во однос на планетите. Месечевата либрација е различна од малите промени во нејзината привидна величина гледана од Земјата. Иако појавата изгледа како нишање, истата е предизвикана од физичка промена во оддалеченоста на Месечината поради нејзината елиптичноста на нејзината орбита околу Земјата. Месечевата либрација настанува со следниве три појави.

Месечева либрација

[уреди | уреди извор]

Само една Месечева полутопка е свртена кон Земјата, што се должи на усогласеноста на вртењето. Затоа, обратната страна на Месечината сликана за првпат дури во 1959 г. со советската сонда „Луна 3“. Меѓутоа, треба да се напомене дека со време се прикажува повеќе од половина (59 %) од Месечината, должејќи се на либрацијата.[1]

Либрацијата се изразува како бавно клатење гледано од Земјата, давајќи малку поразлични погледи на површината во различни времиња.

Ова се трите вида на Месечева либрација:

  • Либрација по должина произлегува од занесувањето на Месечевата орбита околу Земјата; вртењето на Месечината понекогаш предничи, а понекогаш назадува во орбиталната положба. Либрацијата по должина првпат ја открил Јан Хавелиј во 1648 г.[2]
  • Либрација по ширина произлегува од малиот наклон (околу 6,7°) помеѓу Месечевата оска на вртење и нормалата кон рамнината на нејзината орбита околу Земјата. Оваа појава слична на смената на годишните времиња со вртењето на Земјата околу Сонцето. Според некои, либрацијата по ширина прв ја забележал Галилео Галилеј во 1632 г.,[2] иако оваа чест веројатно ја имаат англиските астрономи Томас Хериот или Вилијам Гилберт.[3]
  • Дневна либрација е мало дневно колебање предизвикано од Земјиното вртење кое го префрла набљудувачот од едната до другата страна на линијата помеѓу средиштата на Земјата и Месечината; со ова набљудувачот наизменично добива глетка од едната и другата страна на Месечината бидејќи набљудува од површината на Земјата, а не од нејзиното средиште.

Либрација на тројанците

[уреди | уреди извор]

Во 1772 г. Жозеф Луј Лагранж направил анализи со кои утврил дека малите тела можат стабилно да делат иста орбита со една планета ако се држат блиску до Лагранжовите точки, кои се 60° пред или зад планетата во нејзината орбита. Ваквите „тројански астероиди“ се најдени во иста орбита со Земјата, Јупитер, Марс и Нептун. Оние врзани со Земјата тешко се гледаат во видливиост спектар, бидејќи имаат такви либрации кои би биле видливи само на дневното небо. Меѓутоа, во 2010 г. по инфрацрвен пат е забележано дека астероидот 2010 TK7 е тројански придружник на Земјата; либрира околу водечката Лагражнова точка L4 во стабилна орбита.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Spudis, Paul D. (2004). „Moon“. World Book at NASA. Архивирано од изворникот на July 3, 2013. Посетено на May 27, 2010. Занемарен непознатиот параметар |deadurl= (help)
  2. 2,0 2,1 Jacqueline Bergeron, уред. (2013). Highlights of Astronomy: As Presented at the XXIst General Assembly of the IAU, 1991. Springer Science & Business Media. стр. 521. ISBN 9401128286.
  3. Pumfrey, Stephen (15 April 2009). „Harriot's maps of the Moon: new interpretations“. The Royal Society. Посетено на 18 June 2018.
  4. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • Moore, Sir Patrick (2003). Philip's Atlas of the Universe. Foreword by Sir Arnold Wolfendale. Philip's. ISBN 978-0-540-08707-5. OCLC 51966591.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]