Хирон (претпоставена месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хирон (грчки: Χείρων) е име дадено на претпоставена месечина на Сатурн, за која Херман Голдшмит тврдел дека ја видел во 1861 година. Потоа се утврдило дека таква месечина не постои.

Херман Голдшмит, во април 1861 година, го објавил откривањето на деветтата месечина на Сатурн, која орбитирала помеѓу Титан и Хиперион. Откритието на Голдшмит не било потврдено, а Хирон не бил виден повеќе.

Во 1898 година, Вилијам Хенри Пикеринг ја открил Феба,[1] која се смета за деветта месечина на Сатурн.[2] Во 1905 година, Пикеринг верувал дека открил уште една месечина на Сатурн, која, како што објави, орбитирала околу планетата помеѓу Титан и Хиперион. Оваа млада месечина ја нарекол Темида. Темида, исто како и Хирон, не била повеќе видена.

Тело, сега класифицирано како кентаур, кое било откриено во 1977 година, се вика 2060 Хирон .

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „What Happened on March 18, 1899“. OnThisDay.com (англиски). Посетено на 2021-04-16.
  2. „Saturn - Moons“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2021-04-16.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]