Вилијам Хенри Пикеринг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вилијам Хенри Пикеринг
Pickering William Henry 02598v.jpg
Пикеринг во 1909
Роден15 февруари 1858
Бостон
Починалјануари 16, 1938(1938-01-16) (возр. 79)
Мандевил Јамајка
ПолињаАстрономија
Поважни наградиЛаландова Награда (1905)
Жил Јансеновата Награда (1909)

Вилијам Хенри Пикеринг (15 февруари 1858 - 16 јануари 1938) бил американски астроном. Пикеринг конструирал и основал неколку опсерватории и астрономски станици, а меѓу попознатите е Флагстафската Опсерваторија од Персивал Лоуел. Тој предводел експедиции за затемнување на Сонцето и ги проучувал кратерите на Месечината и претпоставил дека промените во изгледот на кратерот Ератостен се должат на „месечевите инсекти“. [1] Последните години од својот живот ги поминал во сопствената приватна опсерваторија на Јамајка.

Биографија[уреди | уреди извор]

Вилијам Пикеринг е роден на 15 февруари 1858 година во Бостон, Масачусетс. Постар брат му бил Едвард Чарлс Пикеринг, кој три децении бил директор на Харвардската Опсерваторија.

Дипломирал на Технолошкиот Институт во Масачусетс во 1879 година, а потоа станал инструктор по физика од 1880 до 1887 година.

На 25-годишна возраст, во 1883 година, бил избран за член на Американската академија за уметностите и науките.[2]

Во 1899 година, преку плочки направени во 1898 година ја открил деветтата месечина на Сатурн - Феба. Пикеринг во 1903 година го направил фотографскиот атлас на Месечината: „Месечината : Резиме на постојното знаење за нашиот сателит“.

Верувал дека ја открил десеттата сатурнова месечина во 1905 година преку плочки од 1904 година, и ја нарекол „Темида“. За ова откритие, во 1905 година, добил Лаландова Награда од Француската Академија на Науките.[3] Подоцна се испоставило дека „Темида“ не постои.

Поддржувајќи го Џорџ Дарвин, Пикеринг во 1907 година изнел претпоставка дека Месечината порано била дел од Земјата и дека се отцепила од местото каде што сега се наоѓа Тихиот Океан. Тој, исто така, пред тоа да го направи Алфред Вегенер, предложил верзија на континентално придвижување во која порано Америка, Азија, Африка и Европа биле еден континент, кој се распаднал поради одвојувањето на Месечината.[4]

Во 1908 година Пикеринг дал изјава дека може да се направат авиони, кога тие сè уште не биле измислени.

Во 1919 година, го предвидел постоењето и положбата на Планетата X врз основа на аномалиите во местоположбата на Уран и Нептун, но таквата планета не била пронајдена преку пребарување по фотографиите од Монт Вилсон Опсерваторијата. Подоцна во 1930, Клајд Томбо го открил Плутон, но сега е познато дека масата на Плутон е премала за да има значајни гравитациски ефекти врз Уран или Нептун, а аномалиите фактички и не постојат откако биле користени многу попрецизни вредности на планетарните маси при пресметување на орбитите. Кога била именувана планетата, тој нејзиниот симбол го толкувал како монограм кој се однесува на него и на Лоуел со фразата „Пикеринг-Лоуел“.[5]

Пикеринг во 1921 година тврдел дека пронашол вегетација на Месечината. [6]

Во 1923 година се пензионирал од Хардвард Универзитетот.[7] Починал на 16 јануари 1938 година во Мандевил, Јамајка. [8]

Награди[уреди | уреди извор]

Пикеринг ја добил Лаландовата награда во 1905 година и Жил Јансеновата Награда во 1909 година. Астероидот 784 Пикерингиа и кратерите Пикеринг на Месечината и Пикеринг на Марс се заеднички именувани по него и неговиот брат Едвард Чарлс Пикеринг.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Некролози

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Moore, Patrick (1999). The wandering astronomer. Bristol; Philadelphia: Institute of Physics Pub. ISBN 9780750306935.
  2. „Book of Members, 1780–2010: Chapter P“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 22 April 2011.
  3. „Lalande Prize for Prof. Pickering“. The Crimson. 22 December 1905. Посетено на 16 September 2019.
  4. William Henry Pickering (1907). „The Place of Origin of the Moon – The Volcani Problems“. Popular Astronomy. 15: 274–287. Bibcode:1907PA.....15..274P.
  5. Pickering W. H. (1930). „The discovery of Pluto“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 91 (1): 0812–0817. Bibcode:1931MNRAS..91..812P. doi:10.1093/mnras/91.7.812.
  6. „Says 2 Crops A Day Grow On The Moon. Prof. Pickering Is Convinced Markings Are Caused by Vegetation in the Craters. Field Patterns Traced. Criticises Astronomers for Assuming Life There Is Impossible. Easier to Study Than Mars“ (PDF). The New York Times. October 9, 1921.
  7. „Prof. Pickering To Resign. Astronomer Will Be Made Assistant Professor Emeritus at Harvard“. New York Times. June 28, 1923. Посетено на 2015-03-31.
  8. „Prof. Pickering, 79, Astronomer, Dead. Discoverer of Planet Phoebe in 1899 Is Stricken at Mandeville, Jamaica“. New York Times. January 22, 1938. Посетено на 2015-03-31. Professor William Henry Pickering died Monday at Mandeville Observatory, where he had lived for three decades. He was buried in Mandeville. His age was 79. ...