Список на претпоставени тела во Сончевиот Систем
Изглед
Претпоставено тело во Сончевиот Систем е планета, природен сателит, подмесечина или друго тело во Сончевиот Систем чие што постоење е непознато, но преку научни докази прибавени преку набљудување се претпоставува дека постои. Во минатото се тврдело дека постојат голем број претпоставени планети, но многу од нив биле отфрлени. И денес постојат научни шпекулации за постоење на планети во Сончевиот Систем кои се сè уште непознати.
Планети
[уреди | уреди извор]- Против Земја, планета која се наоѓa од спротивната страна од Сонцето гледано од Земјата.
- Петта планета, во минатото се шпекулирало дека постои планета меѓу орбитите на Марс и Јупитер.
- Фаетон, Планета меѓу орбитите на Марс и Јупитер чие што уништување наводно го предизвикало создавањето на астероидниот појас. Оваа претпоставка, денес се смета за малку веројатна затоа што астероидниот појас има многу мала маса за да настанал од експлозија на голема планета. Во 2018, истажувачи при Универзитетот во Флорида во својата студија откриле дека астероидниот појас бил создаден од парчиња од најмалку пет-шест тела со големина на планета наместо од само една планета.[1]
- Криптон - наречена по планетата од која дошол Супермен. Мајкл Овенден сметал дека тоа бил гасовит џин меѓу Марс и Јупитер, голем скоро колку Сатурн и дека придонел во формирањето на астероидниот појас.[2]
- Планета V, планета што Џон Чемберс и Џек Лисо сметале дека постоела меѓу Марс и астероидниот појас, врз основа на компјутерски симулации.
- Разни планети зад Нептун:
- Планета Девет, претпоставена планета со која се објаснувале очигледните порамнувања во орбитите на брони далечни заднептунци.
- Планета X (Планета Десет), претпоставена планета зад орбитата на Нептун. На почетокот се сметало дека нејзиното постоење ги објаснува претпоставените растројувања (систематски отстапувања) во орбитите на Уран и Нептун. Ова верување ја поттикнало потрагата по Плутон. Иако по попрецизни мерења на масата на Нептун (со кои се опфатени сите набљудувани растројувања) оваа теорија била отфрлена, таа била повторно применета за да се пресметаат растројувањето на обитите за телата во Кајперовиот Појас.
- Хиперион, голема далечна 10-та планета за која во 2000 година се сметало дека придонела во формирањето на Кајперовиот Појас.[3]
- Тихе, претпоставена планета во Ортовиот Облак. Се сметало дека е причината за создавање на статистичкиот вишок на долгопериодичните комети. Со резултатите од истражувањето на WISE телскопот од 2014 година оваа теорија е отфрлена.[4][5][6]
- Океанус и уште две планети, предложени од Томас Џеферсон Џексон.[7]
- Брахма и Вишну, предложени од Венкатеш П. Кетакар.[8]
- Хад, предложен од Теодор Григул.[9]
- „Планета Десет“ предложена од Волк и Малхотра, планетоид со големина на Марс за која се верувало дека е причина за наклонот на телата во Кајперовиот Појас кои се наоѓаат зад Кајперовата карпа на 50 AU.[10][11]
- „Планета десет“ предложена од Свер Арсет и Карлос и Раул де ла Фуенте Маркос, за која се верувало дека ги стабилизира орбитите на другите тела во Кајперовиот Појас.[12][13]
- Планетите O, P, Q, R, S, T и U, предложени од Вилијам Хенри Пикеринг.
- Задплутонска планета предложена од Тадаши Мукаи и Патрик Софија Ликавка, со големина приближна на Земјата или Марс со ексцентрична орбита меѓу 100 и 200 AU.[14][15][16]
- Друга заднептунска планета на оддалечена 1.500 AU од Сонцето, предложена од Родни Гомес во 2012 година.[8][17]
- Теја или Орфеј,[18] планета голема колку Марс за која се верува дека се судрила со Земјата пред околу 4,5 милијарди години; настан по кој се создала Месечината. Доказите од 2019 г. наведуваат дека можеби потекнува надвор од Сончевиот Систем.[19]
- Вулкан, претпоставена планета за која некогаш се верувало дека постои меѓу орбитата на Меркур и Сонцето. Астрономите сметале дека Вулкан е причината за растројувањето на орбитата Меркур, а моногу астрономи поминале долги години во потрага по оваа планета, честопати тврдејќи дека ја пронашле. Со општата теорија за релативноста на Ајнштајн подоцна се објаснило растројувањето на орбитата на Меркур.
- Вулканоиди се астероиди за кои се претпоставува дека постојат во гравитациски стабилно поле во орбитата на Меркур. Може да се остатоци што настанале по судир на Меркур со друга протопланета, отстранувајќи голем дел од внатрешната кора на Меркур.[20] Набљудувачите STEREO или СОХО досега немаат откриен ниту еден вулканоид.[21][22]
- Во 2016, поради отсуството на вулканоиди се поставила теорија за постоење на планета супер-Земја која некогаш орбитирала околу Сонцето во близина на Меркур. Таа планета ја исчистила орбитата на Меркур од вулканоиди а потоа била проголтана од Сонцето.[23]
- Вулканоиди се астероиди за кои се претпоставува дека постојат во гравитациски стабилно поле во орбитата на Меркур. Може да се остатоци што настанале по судир на Меркур со друга протопланета, отстранувајќи голем дел од внатрешната кора на Меркур.[20] Набљудувачите STEREO или СОХО досега немаат откриен ниту еден вулканоид.[21][22]
- Во моделот на пет планети од Ница, петта џиновска планета што прво кружела меѓу орбитите на Сатурн и Уран е исфрлена од Сончевиот Систем во меѓуѕвездениот простор по судирот со Јупитер, по што следувала брза дивергенција на орбитата на Јупитер и Сатурн, со што се овозможило орбитална стабилност на земјоликите планети во Сончевиот Систем. Ова се претпоставува дека ја предизвикало и месечевата катаклизма во Сончевиот Систем.
- А и Б, две супер-Земја (или дури и суперџин) планети според теоријата од Мајкл Вулфсон како дел од неговата теорија на фаќање за создавањето на Сончевиот Систем. Според оваа теорија А и Б биле две највнатрешни планети во Сончевиот Систем, кои биле откинати од протоѕвезда со плимната сила на Сонцето. По нивниот судар, А била исфрлена од Сончевиот Систем (останале само нејзините месечини: Марс, Месечината, Плутон и другите џуџести планети), а Б се распаднала и се формирале Земјата, Венера, Меркур, астероидниот појас и некои комети.[24]
Месечини
[уреди | уреди извор]- Хирон, месечина на Сатурн, наводно видена од Херман Голдшмит во 1861 година, но оттогаш никој друг не ја забележал.
- Други месечини на Земјата, како: Петитовата месечината, Лилит, Волтематовите месечини и Баргбиевите месечини .
- Месечината на Меркур, се претпоставува дека е причината за невообичаената шема на зрачење откриена од Маринер 10 во близина на Меркур. Подоцнежните податоци од мисијата открија дека изворот на ова зрачење е ѕвездата 31 Кратерис.
- Нит, претпоставена месечина на Венера, наводно забележана при многу телескопски набљудувања во 17 и 18 век. Денес се знае дека таа не постои, а забележаното тело се објаснува дека било серија од погрешно протолкувани ѕвезди и внатрешни рефлексии во оптиката на телескопите во тоа време. Жан-Шарл Хоузо тврдел дека тоа е хелиоцентрична планета која ротира околу Сонцето на секои 283 дена и е во конјункција со Венера на секои 1080 дена.
- Темида, месечина на Сатурн за која астрономот Вилијам Пикеринг тврдел дека ја открил во 1905 година, но која никогаш повеќе не била видена.[25]
Ѕвезди
[уреди | уреди извор]- Немезис, кафеаво или црвено џуџе чие постоење било предложено во 1984 година од физичарот Ричард А. Мулер, врз основа на претпоставените периодичности во масовните истребувања кои се докажуваат со фосилните остатоци на Земјата. Нејзиното редовно поминување низ Ортовиот Облак во Сончевиот Систем би испратило мноштво на комети кон Земјата, а можноста некоја од нив да удри на Земјата биле значително зголемени. Исто така, се верува дека Немезис е причината за невообичаено издолжената орбита на малата планета Седна. Постоењето на Немезис во современиот Сончев Систем било отфрлено во 2014 година, откако вселенското летало WISE со инфрацрвено истражување не откри постоење на кафеаво џуџе до 10.000 астрономски единици од сонцето.
- Моделот на Рејмонд Артур Литлтон за создавањето на Сончевиот Систем вели дека имало бинарен ѕвезден систем кој се издвоил од Сонцето, кој се споил и се расцепил на два дела поради вртежната нестабилност, при што се формирале Јупитер и Сатурн.[26]
- Моделот на Фред Хојл за создавањето на Сончевиот Систем според кој Сонцето порано имало помасивен бинарен придружник, кој експлодирал во супернова поради јадрено соединување во нејзината внатрешност. Остатоците од суперновата на ѕвездата биле фатени од Сонцето со што се создал протопланетарен диск, од кој подоцна настанале планетите.[26]
- Една претпоставка наведува дека претпоставената Планета Девет всушност била првобитна црна дупка.[27]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Подмесечина
- Ортов Облак
- Заднептунец
- Небуларна теорија
- Астероиден појас
- Кафеаво џуџе
- Природен сателит
- Теории за настанок на Сончевиот Систем
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Study reveals secret origins of asteroids and meteorites“. news.ufl.edu (англиски). 2018-07-02. Архивирано од изворникот на 2019-03-12. Посетено на 2018-10-17.
- ↑ Ovenden, M.W. (1972). „Bode's law and the missing planet“. Nature. 239: 508–509. doi:10.1038/239508a0.
- ↑ Collander-Brown, S.; Maran, M.; Williams, I. P. (2000-10-11). „The effect on the Edgeworth-Kuiper Belt of a large distant tenth planet“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society (англиски). 318 (1): 101–108. Bibcode:2000MNRAS.318..101C. doi:10.1046/j.1365-8711.2000.03640.x. ISSN 0035-8711.
- ↑ K. L., Luhman (7 March 2014). „A Search For A Distant Companion To The Sun With The Wide-field Infrared Survey Explorer“. The Astrophysical Journal. 781: 4. Bibcode:2014ApJ...781....4L. doi:10.1088/0004-637X/781/1/4. Посетено на 20 March 2014.
- ↑ Matese, John J.; Whitmire, Daniel P. (2011). „Persistent evidence of a jovian mass solar companion in the Oort cloud“. Icarus. 211 (2): 926–938. arXiv:1004.4584. Bibcode:2011Icar..211..926M. doi:10.1016/j.icarus.2010.11.009.
- ↑ Helhoski, Anna. „News 02/16/11 Does the Solar System Have Giant New Planet?“. The Norwalk Daily Voice. Посетено на 10 July 2012.
- ↑ TJ Sherrill (1999). „A Career of Controversy: The Anomaly of T. J. J. See“. Journal for the History of Astronomy. 30: 25–50. Bibcode:1999JHA....30...25S. doi:10.1177/002182869903000102.
- ↑ 8,0 8,1 JG Chhabra; SD Sharma; M Khanna (1984). „Prediction of Pluto by V. P. Ketakar“ (PDF). Indian Journal of History of Science. 19 (1): 18–26. Bibcode:1984InJHS..19...18C. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-02-25. Посетено на 2008-09-04.
- ↑ „Galaxy Magazine (August 1956)“. August 1956.
- ↑ Osbourne, Hannah (23 June 2017). „Forget Planet 9 - There's Evidence Of A Tenth Planet Lurking At The Edge Of The Solar System“. Newsweek. Посетено на 23 June 2017.
- ↑ Volk, Kathryn; Malhotra, Renu (2017). „The curiously warped mean plane of the Kuiper belt“. The Astronomical Journal. 154 (2): 62. arXiv:1704.02444. Bibcode:2017AJ....154...62V. doi:10.3847/1538-3881/aa79ff.
- ↑ Knapton, Sarah (13 June 2016). „Solar System may hold ten planets or more, say scientists“. The Telegraph.
- ↑ Trujillo, Chadwick A.; Sheppard, Scott S. (2014). „A Sedna-like body with a perihelion of 80 astronomical units“. Nature. 507 (7493): 471–474. Bibcode:2014Natur.507..471T. doi:10.1038/nature13156. PMID 24670765.
- ↑ Patryk S., Lykawka; Tadashi, Mukai (2008). „An Outer Planet Beyond Pluto and the Origin of the Trans-Neptunian Belt Architecture“. The Astronomical Journal. 135 (4): 1161–1200. arXiv:0712.2198. Bibcode:2008AJ....135.1161L. doi:10.1088/0004-6256/135/4/1161.
- ↑ Than, Ker (18 June 2008). „Large 'Planet X' May Lurk Beyond Pluto“. Space.com. Посетено на 18 July 2016.
- ↑ Hasegawa, Kyoko (28 February 2008). „Japanese scientists eye mysterious 'Planet X'“. BibliotecaPleyades.net. Посетено на 18 July 2016.
- ↑ Hoyt, William Graves (1976). „W. H. Pickering's Planetary Predictions and the Discovery of Pluto“. Isis. 67 (4): 551–564. doi:10.1086/351668. PMID 794024.
- ↑ Byrne, Charles (2007). The Far Side of the Moon: A Photographic Guide. Springer. стр. 202. ISBN 9780387732060.
- ↑ Budde, Gerrit; Burkhardt, Christoph; Kleine, Thorsten (2019-05-20). „Molybdenum isotopic evidence for the late accretion of outer Solar System material to Earth“. Nature Astronomy (англиски). 3 (8): 736–741. Bibcode:2019NatAs...3..736B. doi:10.1038/s41550-019-0779-y. ISSN 2397-3366.
- ↑ Alexander, Amir (2004). „Small, Faint, and Elusive: The Search for Vulcanoids“. The Planetary Society. Архивирано од изворникот на 2008-10-11. Посетено на 2008-12-25.
- ↑ Steffl, A. J.; Cunningham, N. J.; Shinn, A. B.; Stern, S. A. (2013). „A Search for Vulcanoids with the STEREO Heliospheric Imager“. Icarus. 233 (1): 48–56. arXiv:1301.3804. Bibcode:2013Icar..223...48S. doi:10.1016/j.icarus.2012.11.031.
- ↑ Schumacher, G.; Gay, J. (2001). „An Attempt to detect Vulcanoids with SOHO/LASCO images“. Astronomy & Astrophysics. 368 (3): 1108–1114. Bibcode:2001A&A...368.1108S. doi:10.1051/0004-6361:20000356.
- ↑ „Our sun may have eaten a super-Earth for breakfast“.
- ↑ Dormand, J. R.; Woolfson, M. M. (1977). „Interactions in the early solar system“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 180 (2): 243–279. Bibcode:1977MNRAS.180..243D. doi:10.1093/mnras/180.2.243.
- ↑ Hypothetical Planets
- ↑ 26,0 26,1 Williams, I.O., Cremin, A.W. 1968. A survey of theories relating to the origin of the solar system. Qtly. Rev. RAS 9: 40–62. ads.abs.harvard.edu/abs
- ↑ https://astronomy.com/news/2019/10/planet-nine-may-be-a-black-hole-the-size-of-a-baseball