Тихе (претпоставена планета)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Илустрација на Ортовиот облак и Кајперовиот појас.

Тихе е претпоставен гасовит џин, кој можеби се наоѓа во Ортовиот облак од Сончевиот Систем. Постоењето на оваа планета првпат било предложено во 1999 година од астрофизичарите Џон Матесе, Патрик Витман и Даниел Витмајер од Луизијана Универзитетот во Лафајет.[1][2] Тие тврделе дека доказите за постоењето на Тихе може да се најдат во наводната наклонетост (на астрономите) за тоа од каде потекнуваат долгопериодичните комети. Подоцна, Матезе[3] и Витмајр[4] ги преоцениле податоците за кометите и навеле дека ако Тихе постои, би можела да се најде во архивите на податоци прибрани од Инфрацрвениот истражувач (WISE) на НАСА.[5] Во 2014 година НАСА објавила дека со истражувањето на WISE не е пронајдено тело кое ги има карактеристиките на Тихе, укажувајќи дека Тихе, каков што го претпоставиле Матезе, Витман и Витмајер не постои.[6]

Историја[уреди | уреди извор]

Матезе, Витмајер и нивниот колега Патрик Витман во 1999 година[7] први го предложиле постоењето на оваа планета, врз основа на испитувањето на орбитите на долгопериодичните комети. Повеќето астрономи се согласуваат дека долгопериодните комети (оние со орбити од илјадници до повеќе милиони години) имаат груба изотропна дистрибуција; односно пристигнуваат случајно од секоја точка на небото.[8] Бидејќи кометите се испарливи и се распрснуваат со текот на времето, астрономите се сомневаат дека поголемиот дел од нивното постоење мора го поминуваат во сферичен облак оддалечен десетици илјади AЕ (познат како Ортов облак).[8] Но, Матезе и Витмир тврделе дека орбитите на кометите, наместо општоприфатеното мислење дека тие доаѓаат од случајни точки од небото, биле собрани во појас наклонет кон еклиптиката. Ваквото гриупирање би се должело на некое тело со големина на Јупитер, или кафено џуџе сместено во надворешниот дел на Ортовиот облак.[9][10] Тие исто така навеле дека со такво тело може да се објасни и необичната орбита на заднептунецот Седна.[11] Сепак, бројот на примероци од кометите од Ортовиот облак бил мал и како такви не можеле да понудат докази од кои би се извлекол заклучок.[12]

Орбита[уреди | уреди извор]

Витмир и Матесе сметале дека орбитата на Тихе лежи на приближно 500 пати поголемо растојание од она до Нептун, на околу 15.000 AЕ (2.200 милијарди километри од Сонцето, нешто помалку од четвртина светлосна година). Се наоѓа во Ортовиот облак, чија надворешна граница се проценува на повеќе од 50.000 АЕ. Орбиталниот период би бил околу 1,8 милиони години.[13] Неуспешната потрага според постари податоци прибавени од ИРАС наведува дека објект со големина од 5 Јупитерови маси треба да има растојание поголемо од 10.000 AЕ.[14] Орбитата на таа планета не би се совпаѓала со еклиптиката[15] и веројатно би била во широко-бинарна орбита во моментот на нејзиното создавање.[14] Широко-бинарна орбита може да се создаде преку заробување (во орбитата на ѕвездата) за време на гасењето на ѕвездите од почетното расеано ѕвездено јато.[14]

Маса[уреди | уреди извор]

Споредба на големината меѓу Сонцето, црвено џуџе, кафеаво џуџе и планетите Јупитер и Земја.

Во 2011 година, Витмир и Матезе претпоставија дека претпоставената планета може да има до четири пати поголема маса од Јупитер и релативно висока температура од приближно 200 K (-73 °C; -100 °F)[14], затоа што ѝ останало топлина уште од нејзиното создавање и поради Келвин-Хелмхолцовиот механизам на загревање. Би била недоволно голема за во јадрото да може да постигне притисок кој би предизвикал реакции на нуклеарна фузија, процес кој се јавува кај тела со приближно 13 Јупитерови маси. Иако потежок од Јупитер, Тихе би имал приближно ист обем со Јупитер, бидејќи дегенерираниот притисок предизвикува масивните гасни џинови да ја зголемуваат само својата густина, но не и обем, со растење на нивната маса.[16]

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Тихе (на грчки: τύχη - „среќа“) била грчка божица на среќата и просперитетот. Името било избрано за да нема забуна со претходна слична претпоставка дека Сонцето има бледа ѕвезда-придружник наречена Немеза, чија што гравитација го поттикнува влегувањето на кометите во внатрешниот Сончев Систем, што доведува до масовно изумирање на Земјата. Тихе била „добрата сестра“ на Немезис. Ова име за првпат го употребил Џ. Дејви Киркпатрик од Центарот за инфрацрвена обработка и анализа на Технолошкиот институт во Калифорнија.[17]

Мисијата на WISE[уреди | уреди извор]

Вселенскиот телескоп за инфрацрвени истражувања (WISE) откако ги завршил инфрацрвените истражувања на небото, опфаќајќи ги и областите каде Витмир и Матезе претпоставувале дека може да се најде Тихе.[14] На 14 март 2012 година, биле објавени резултатите од мерењата на WISE во кои биле вклучени податоците од првото скенирање на целото небо.[18] Дополнителното истражување на небото (AllWISE) било објавено кон крајот на 2013 година.[19] На 07.03.2014 г. НАСА објавила дека телескопот WISE ја отфрлил можноста за постоење на објект со големина на Сатурн на растојание од 10.000 АЕ и објект со големина на Јупитер или поголем до 26.000 АЕ (0,4 светлосни години )од Сонцето.[20][21]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rodgers, Paul (February 13, 2011). „Up telescope! Search begins for giant new planet“. The Independent. Посетено на February 14, 2011.
  2. Wolchover, Natalie (February 15, 2011). „Article: Astronomers Doubt Giant Planet 'Tyche' Exists in Our Solar System“. Space.com. Посетено на February 15, 2011.
  3. „Astrophysics Homepage of John J. Matese“. Ucs.louisiana.edu. September 21, 2011. Посетено на April 1, 2013.
  4. „Daniel P. Whitmire“. Ucs.louisiana.edu. Посетено на April 1, 2013.
  5. Whitney Clavin (February 18, 2011). „Can WISE Find the Hypothetical 'Tyche'?“. NASA/JPL. Посетено на February 19, 2011.
  6. Helhoski, Anna. „News 02/16/11 Does the Solar System Have Giant New Planet?“. The Norwalk Daily Voice. Посетено на July 10, 2012.
  7. Matese, John J.; Lissauer, Jack J. (May 6, 2002). „Continuing Evidence of an Impulsive Component of Oort Cloud Cometary Flux“ (PDF). University of Louisiana at Lafayette, and NASA Ames Research Center. 500: 309. Bibcode:2002ESASP.500..309M. Посетено на March 21, 2008.
  8. 8,0 8,1 Harold F. Levison; Luke Donnes (2007). „Comet Populations and Cometary Dynamics“. Во Lucy Ann Adams McFadden; Lucy-Ann Adams; Paul Robert Weissman; Torrence V. Johnson (уред.). Encyclopedia of the Solar System (изд. 2nd.). Amsterdam; Boston: Academic Press. стр. 575–588. ISBN 978-0-12-088589-3.
  9. Murray, John B. (1999). „Arguments for the Presence of a Distant Large Undiscovered Solar System Planet“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 309 (1): 31–34. Bibcode:1999MNRAS.309...31M. doi:10.1046/j.1365-8711.1999.02806.x. Краток описHouston Chronicle (October 11, 1999).
  10. Matese, John J.; Whitman, Patrick G.; Whitmire, Daniel P . (1999). „Cometary Evidence of a Massive Body in the Outer Oort Clouds“. Icarus. 141 (2): 354. Bibcode:1999Icar..141..354M. doi:10.1006/icar.1999.6177.
  11. Matese, John J.; Whitmire, Daniel P.; Lissauer, Jack J. (2006). „A Widebinary Solar Companion as a Possible Origin of Sedna-like Objects“. Earth, Moon, and Planets. 97 (3–4): 459–470. Bibcode:2005EM&P...97..459M. doi:10.1007/s11038-006-9078-6. S2CID 13647204.
  12. Plait, Phil (February 14, 2011). „No, there's no proof of a giant planet in the outer Solar System“. Discovery Magazine. Посетено на February 15, 2011.
  13. „Orbital period of a planet at a distance of 15000 AU with a circular orbit“. Посетено на February 15, 2011.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 Matese, John J.; Whitmire, Daniel P. (2011). „Persistent Evidence of a Jovian Mass Solar Companion in the Oort Cloud“. Icarus. 211 (2): 926–938. arXiv:1004.4584. Bibcode:2011Icar..211..926M. doi:10.1016/j.icarus.2010.11.009. S2CID 44204219.
  15. „Have UL Physicists Identified a New Planet?“. University of Louisiana. February 14, 2011. Архивирано од изворникот на August 1, 2015. Посетено на February 16, 2011.
  16. Seager, S.; Kuchner, M.; Hier-Majumder, C. A.; Militzer, B. (2007). „Mass-Radius Relationships for Solid Exoplanets“. The Astrophysical Journal. 669 (2): 1279–1297. arXiv:0707.2895. Bibcode:2007ApJ...669.1279S. doi:10.1086/521346. S2CID 8369390. Referenca navodi 500 masa zemlje, (1.6 masa Jupitera). Jupiter ima masu 318 puta veću od zemljine.
  17. Sayanagi, Kunio M. (March 2, 2011). „Where is Tyche, the 10th 9th planet? Getting the full story“. ArsTechnica. Посетено на March 21, 2011.
  18. „NASA Releases New WISE Mission Catalog of Entire Infrared Sky“. NASA/JPL. March 14, 2012. Посетено на March 15, 2012.
  19. Wide-field Infrared Survey Explorer
  20. Luhman, K. L. (2014). „A Search for a Distant Companion to the Sun with the Wide-field Infrared Survey Explorer“. The Astrophysical Journal. 781 (1): 4. Bibcode:2014ApJ...781....4L. doi:10.1088/0004-637X/781/1/4.
  21. Clavin, Whitney; Harrington, J.D. (March 7, 2014). „NASA's WISE Survey Finds Thousands of New Stars, But No 'Planet X'. NASA. Посетено на March 7, 2014.