Коатик (ѕвезда)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Коатик е име дадено на претпоставена ѕвезда која го создала Сонцето, а потоа експлодирала како супернова. Коатик би била триесет пати поголема од Сончевата маса, а додека била на главната низа нејзините силни ветрови би го истиснале гасот од локалната маглина со што се родиле стотици ѕвезди, заедно со нашето Сонце. Претпоставките за постоењето на оваа ѕвезда и нејзините карактеристиките биле изведени од присуството на алуминиум-26 во метеоритите, кој бил исфрлен од ветровите на огромната ѕвезда.[1]

Име[уреди | уреди извор]

Коатик (Cōātlīcue) е мајка на Сонцето во космогонијата на Ацтеките.

Ова име е неофицијално и било предложено од Матие Гунел и Жорж Мејнет, авторите на една статија во списанието „Астрономија и Астрофизика“. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gounelle, M.; Meynet, G. (2012). „Solar system genealogy revealed by extinct short-lived radionuclides in meteorites“. Astronomy & Astrophysics. 545: A4. arXiv:1208.5879. Bibcode:2012A&A...545A...4G. doi:10.1051/0004-6361/201219031.
  2. Gounelle, M.; Meynet, G. (2012). „Solar system genealogy revealed by extinct short-lived radionuclides in meteorites“. Astronomy & Astrophysics. 545: A4. arXiv:1208.5879. Bibcode:2012A&A...545A...4G. doi:10.1051/0004-6361/201219031.Gounelle, M.; Meynet, G. (2012). "Solar system genealogy revealed by extinct short-lived radionuclides in meteorites". Astronomy & Astrophysics. 545: A4. arXiv:1208.5879. Bibcode:2012A&A...545A...4G. doi:10.1051/0004-6361/201219031. S2CID 54970631.

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]