Разорена планета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Уметнички концепт на карпест планетарен објект кој го испарува неговата матична ѕвезда

Во астрономијата, разорена планета е планета или егзопланета или, нешто малку помало како, планетезимал, месечина, егзомесечина или астероид кој бил разорен или уништен од некое блиско астрономско тело, астрономско тело во минување или објект како ѕвезда.[1] [2] Некропланетологијата е наука која ги проучува ваквите процеси.[3][4] По таквото разорување може да се создаде голема количина на гас, прашина и карпести делови, [5] кои можат да ја опкружат матичната ѕвезда и да формираат околуѕвезден диск или диск од остатоци. Како последица на тоа, остатоците кои орбитираат може да образуваат „ нерамномерен прстен од прашина“, кој предизвикува непредвидливи светлосни флуктуации во сјајноста на матичната ѕвезда. Исто се смета дека може да е причинител на чудно треперливите кривини на светлината поврзани со ѕвездената светлина забележана кај одредени променливи ѕвезди, како на пример Табиевата Ѕвезда (KIC 8462852), RZ Piscium и WD 1145+017.[3] [4] Кај таквите ѕвезди може да се забележи прекумерно инфрацрвено зрачење, [6] што само по себе наведува дека прашина и други остатоци можеби кружат околу ѕвездите.[5][7][8][9]

Примери[уреди | уреди извор]

Планети[уреди | уреди извор]

Примери од планети или нивни остатоци, за кои се смета дека се разорени планети или дел од такви планети, се: „Оумуамуа [10] и WD 1145+017 b, како и астероидите, [11] врелите Јупитери [12] и оние што се сметаат за претпоставени планети, како што се Петтата планета, Фаетон, планетата V и Теја.

Ѕвезди[уреди | уреди извор]

Примери на матични ѕвезди, за кои се верува дека предизвикале разорување на планета, се: EPIC 204278916, Табиевата Ѕвезда (KIC 8462852), ПДС 110, RZ Piscium, WD 1145+017 и 47 Голема Мечка .

Уметнички приказ на „нерамномерен прстен од прашина“ околу Табиевата Ѕвезда.

Светлосна крива на Табиевата Ѕвезда[уреди | уреди извор]

Табиевата Ѕвезда (KIC 8462852) е ѕвезда од главната низа од типот F која има необични светлосни флуктуации, како што е и до 22%-то намалување на светлината.[13] Поставени се неколку хипотези за да се објаснат овие неправилни промени, но досега ниту една не ги објаснува во целост сите аспекти на кривата. Едно од објаснувањата е дека „нерамномерен прстен од прашина“ кружи околу Табиевата Ѕвезда.[14] [15] Но, во септември 2019 година, астрономите објавиле дека забележаните затемнувања на ѕвездата на Таби може да се предизвикани од фрагменти кои се резултат од разорување на напуштена егзомесечината.[16] [17]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Staff (22 December 2017). „Young Star RZ Piscium is 'Eating' Its Own Planets, Astronomers Say“. Sci-News.com. Посетено на 23 December 2017.
  2. Fryling, Kevin (21 December 2017). „IU astronomer's analysis helps discover that a star in the constellation Pisces is a 'planet-eater'. Indiana University. Посетено на 23 December 2017.
  3. 3,0 3,1 Starr, Michelle (28 March 2020). „Necroplanetology: The Strangest Field of Astronomy You've Never Heard Of“. ScienceAlert.com. Посетено на 30 March 2020.
  4. 4,0 4,1 Duvvuri, Girish M.; Redfield, Seth; Veras, Dimitri (18 March 2020). „Necroplanetology: Simulating the Tidal Disruption of Differentiated Planetary Material Orbiting WD 1145+017“. The Astrophysical Journal. 893 (2): 166. arXiv:2003.08410. Bibcode:2020ApJ...893..166D. doi:10.3847/1538-4357/ab7fa0.
  5. 5,0 5,1 Punzi, K. M.; Kastner, J. H.; Melis, C.; Zuckerman, B.; Pilachowski, C.; Gingerich, L.; Knapp, T. (21 December 2017). „Is the Young Star RZ Piscium Consuming Its Own (Planetary) Offspring?“. The Astronomical Journal. 155: 33. arXiv:1712.08962. Bibcode:2018AJ....155...33P. doi:10.3847/1538-3881/aa9524.
  6. Farihi, J.; Jura, M.; Zuckerman, B. (10 March 2009). „Infrared Signatures of Disrupted Minor Planets at White Dwarfs“. The Astrophysical Journal. 694 (2): 805–819. arXiv:0901.0973. Bibcode:2009ApJ...694..805F. doi:10.1088/0004-637X/694/2/805.
  7. Landau, Elizabeth (4 October 2017). „Mysterious Dimming of Tabby's Star May Be Caused by Dust“. NASA. Посетено на 23 December 2017.
  8. Meng, Huan Y.A.; и др. (3 October 2017). „Extinction and the Dimming of KIC 8462852“. The Astrophysical Journal. 847: 131. arXiv:1708.07556. Bibcode:2017ApJ...847..131M. doi:10.3847/1538-4357/aa899c.
  9. Tabor, Abby (5 October 2017). „The scientific quest to explain Kepler's most enigmatic find“. Phys.org. Посетено на 23 December 2017.
  10. Ćuk, Matija (2017). „1I/ʻOumuamua as a Tidal Disruption Fragment From a Binary Star System“. The Astrophysical Journal. 852 (1): L15. arXiv:1712.01823. Bibcode:2018ApJ...852L..15C. doi:10.3847/2041-8213/aaa3db.
  11. Soter, Steven (2006). „What is a Planet?“. The Astronomical Journal. 132 (6): 2513–2519. arXiv:astro-ph/0608359. Bibcode:2006AJ....132.2513S. doi:10.1086/508861.
  12. Nayakshin, Sergei (20 September 2011). „Hot Super Earths: disrupted young jupiters?“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 416 (4): 2974–2980. arXiv:1103.1846. Bibcode:2011MNRAS.416.2974N. doi:10.1111/j.1365-2966.2011.19246.x. Посетено на 25 December 2017.
  13. Boyajian, T. S.; LaCourse, D. M.; Rappaport, S. A.; Fabrycky, D.; Fischer, D. A.; Gandolfi, D.; Kennedy, G. M.; Korhonen, H.; Liu, M. C. (2016-01-27). „Planet Hunters IX. KIC 8462852 – where's the flux?“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society (англиски). 457 (4): 3988–4004. arXiv:1509.03622. Bibcode:2016MNRAS.457.3988B. doi:10.1093/mnras/stw218. ISSN 0035-8711.
  14. „Mysterious Dimming of Tabby's Star May Be Caused by Dust“. NASA/JPL. Посетено на 2018-11-13.
  15. Boyajian, Tabetha S.; Alonso, Roi; Ammerman, Alex; Armstrong, David; Ramos, A. Asensio; Barkaoui, K.; Beatty, Thomas G.; Benkhaldoun, Z.; Benni, Paul (2018-01-19). „The First Post-Kepler Brightness Dips of KIC 8462852“. The Astrophysical Journal. 853 (1): L8. arXiv:1801.00732. Bibcode:2018ApJ...853L...8B. doi:10.3847/2041-8213/aaa405. ISSN 2041-8213.
  16. Columbia University (16 September 2019). „New observations help explain the dimming of Tabby's Star“. Phys.org. Посетено на 16 September 2019.
  17. Marinez, Miquel; Stone, Nicholas C.; Metzger, Brian D. (5 September 2019). „Orphaned Exomoons: Tidal Detachment and Evaporation Following an Exoplanet-Star Collision“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 489 (4): 5119–5135. arXiv:1906.08788. Bibcode:2019MNRAS.489.5119M. doi:10.1093/mnras/stz2464.