S/2015 (136472) 1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
S/2015 (136472) 1
Makemake moon Hubble image with legend (cropped).jpg
Макемаке и нејзината месечина (посочена)
Откривање[1]
Откривач
  • HST/Широкоаголна камера 3
  • Алекс Паркер
  • Марк Бује
  • Вилијам Гранди
  • Кит Нол
Откриеноаприл 2015
Ознаки
MK2 (неофиц.)[2]
Орбитални особености[1]
>21.000 км
Занесеностнепознато
>12,4 дена
Месечина наМакемаке
Физички особености
Среден полупречник
~ 87,5 км (за претпоставено албедо од 4 %)[1]
Албедо~ 0,1
0,04[1]
25,0[3]
7,8[б 1]

S/2015 (136472) 1 (или MK2)[2] — единствената позната месечина на џуџестата планета Макемаке.[1][4][5] Се проценува дека има пречник од 175 км (за претпоставено албедо од 4 %) и голема полуоска од барем 21.000 км од Макемаке.[1][6] Нејзиниот орбитален период изнесува ≥ 12 дена (најмалите вредности се за кружна орбита; вистинската занесеност е непозната).[1][5][7] Забележана е во текот на април 2015 г. со помош на Широкоаголната камера 3 на вселенскиот телескоп „Хабл“, а окритието е објавено на 26 април 2016 г.[2]

Макемаке и Седна се најмалку познати од големите заднептунци. Откривањето на MK2 и подоцнежните набљудувања во 2018 г. овозможуваат да се утврди масата на Макемаке, со што ќе може да се осознае нејзината густина и други особености.

Набљудувања[уреди | уреди извор]

Според првичните проучувања на сликите, MK2 има отсјајност слична на дрвениот јаглен, што ја прави крајно темо тело. Ова делува неочекувано бидејќи Макемаке е второ тело по сјајност во Кајперовиот Појас. Една претпоставка за ова е дека гравитацијата не е доволно силна за да го спречи ослободувањето на сјајните, но испарливи мразови под дејство на топлината од далечното Сонце.[8]

Според Алекс Паркер, раководителот на научната екипа во Југозападниот истражувачки институт од Тексас, сликите направени при откривањето на MK2 покажуваат дека неговата орбита е свртена со работ кон земските опсерватории. Ова значително го отежнува забележувањето на месечината бидејќи таа станува тешко видлива во блесокот на Макемаке, покрај темината на самата нејзина површина.[8] Ако се утврди дека орбитата е кружна, ова би значело дека телото настанало во ударен настан далечното минато; доколку е елиптична, тогаш телото е зафатено подоцна.[8]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Разлика во апсолутна величина помеѓу месечината и Макемаке[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Parker, A. H.; Buie, M. W.; Grundy, W. M.; Noll, K. S. (25 април 2016). „Discovery of a Makemakean Moon“. The Astrophysical Journal. 825 (1): L9. arXiv:1604.07461. Bibcode:2016ApJ...825L...9P. doi:10.3847/2041-8205/825/1/L9.
  2. 2,0 2,1 2,2 „HubbleSite – NewsCenter – Hubble Discovers Moon Orbiting the Dwarf Planet Makemake (04/26/2016) – The Full Story“. hubblesite.org. Посетено на 26 април 2016.
  3. 3,0 3,1 William M. Grundy (13 февруари 2020). „Makemake (136472 2005 FY9)“. Lowell Observatory. Посетено на 20 февруари 2020.
  4. Chang, Kenneth (26 април 2016). „Makemake, the Moonless Dwarf Planet, Has a Moon, After All“. The New York Times. Посетено на 26 април 2016.
  5. 5,0 5,1 Parker, A. (2 мај 2016). „A Moon for Makemake“. Planetary Society blogs. Planetary Society. Посетено на 2 мај 2016.
  6. „Hubble Spies A Moon Orbiting A Distant Dwarf Planet“. Popular Science. Посетено на 26 април 2016.
  7. „Hubble discovers moon orbiting the dwarf planet Makemake“. EurekAlert!. 26 април 2016. Посетено на 26 април 2016.
  8. 8,0 8,1 8,2 Mike Wall (26 април 2016). „Distant Dwarf Planet Makemake Has Its Own Moon“. Space.com. Посетено на 26 април 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]