Албиорикс (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Албиорикс
Albiorix WISE-W4.jpg
Слика од Албиорикс од набљудувањата на вселенското летало WISE во 2010
Откривање[1]
ОткривачМетју Џ. Холман и други.
Откриено19 декември 2000
Ознаки
Наречена по
Марс Албиорикс
S/2000 S 11
Орбитални особености[3]
Епоха 2000 февруари. 26.00
16.182 гигаметри
Занесеност0.4770
783 дена
(2.15 години)
Наклон34.207°
Месечина наСатурн
Физички особености
13,33 ± 0,03 часа[4]
Албедо0,062 ± 0,028[5]
Спектрален тип
светло црвена (варира)
B−V=0.89, R−V=0.50[6]

Албиорикс е програден неправилен сателит на Сатурн. Бил откриен од Холман и неговите колеги во 2000 година, и му била дадена привремена ознака S/2000 С 11.[7][8][9]

Албиорикс е најголемиот сателит од галската група на неправилни сателити.

Име[уреди | уреди извор]

Именуван е како Албиорикс во август 2003 година,[10] „галски џин кој се сметал за крал на светот“.[11] Ова име се наоѓа на натписот пронајден во близина на францускиот град Саблет на кој тој се изедначува со римскиот бог Марс.[12]

Орбита[уреди | уреди извор]

Албиорикс забележан од WISE во 2010 година

Албиорикс орбитира околу Сатурн на растојание од околу 16 милиони км и пречникот му се проценува на 32 километри, со претпоставено албедо од 0,04. Периодот на ротација, измерен со ИСС камерата на вселенското летало Касини, изнесува 13 часа и 19 минути.[13]

Неправилни проградни групи на сателити на Сатурн: Галски (црвено) и Инуитски (сино)

Дијаграмот ја илустрира орбитата на Албиорикс во однос на другите проградни неправилни сателити на Сатурн. Орбиталната занесеност е претставена со жолти делови кои се протегаат од перицентарот до апоцентарот .

Со оглед на сличноста на орбиталните елементи и хомогеноста на физичките карактеристики со другите членови од галската група, било предложено дека овие сателити би можеле да имаат заедничко потекло од распаѓање на поголема месечина.[9]

Физички карактеристики[уреди | уреди извор]

Неодамна откриените различни бои укажуваат дека може да има голем кратер, по што произлегла друга претпоставка дека Еријапо и Тарвос би можеле да бидат делови од Албиорикс по негов судар (по кој речиси се распаднал) со друго тело.[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Discovery Circumstances (JPL)
  2. Albiorigi in Guy Barruol (1967) "Mars Nabelcvs et Mars Albiorix," Ogam: tradition celtique, vol. 15, p. 358
  3. from JPL
  4. Denk, T.; Mottola, S. (2019). Cassini Observations of Saturn's Irregular Moons (PDF). 50th Lunar and Planetary Science Conference. Lunar and Planetary Institute.
  5. Grav, T.; Bauer, J. M.; Mainzer, A. K.; Masiero, J. R.; Nugent, C. R.; Cutri, R. M.; и др. (August 2015). „NEOWISE: Observations of the Irregular Satellites of Jupiter and Saturn“ (PDF). The Astrophysical Journal. 809 (1): 9. Bibcode:2015ApJ...809....3G. doi:10.1088/0004-637X/809/1/3. S2CID 5834661. 3.
  6. Grav, T.; Holman, M. J.; Gladman, B. J.; Aksnes, K.; Photometric survey of the irregular satellites, Icarus, 166 (2003), pp. 33–45
  7. IAUC 7545: S/2000 S 11 19 December 2000 (discovery)
  8. MPEC 2000-Y13: S/2000 S 11 19 December 2000 (discovery and ephemeris)
  9. 9,0 9,1 Gladman, B. J.; Nicholson, P. D.; Burns, J. A.; Kavelaars, J. J.; Marsden, B. G.; Holman, M. J.; Grav, T.; Hergenrother, C. W.; Petit, J.-M.; Jacobson, R. A.; and Gray, W. J.; Discovery of 12 satellites of Saturn exhibiting orbital clustering, Nature, 412 (July 12, 2001), pp. 163–166
  10. IAUC 8177: Satellites of Jupiter, Saturn, Uranus August 8, 2003 (naming the moon)
  11. „Planet and Satellite Names and Discoverers“. Gazetteer of Planetary Nomenclature. USGS Astrogeology. Архивирано од изворникот на 27 May 2010. Посетено на 2010-05-01.
  12. Maier, Bernhard, Dictionary of Celtic religion and culture (1997), p. 11.
  13. T. Denk, S. Mottola, et al. (2011): Rotation Periods of Irregular Satellites of Saturn.
  14. Grav, T.; and Bauer, J.; A deeper look at the colors of Saturnian irregular satellites

Надворешни врски[уреди | уреди извор]