Синхрона орбита

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Синхрона орбита се јавува кога орбиталниот период на телото кое орбитира (обично сателит) е еднаков на просечниот ротационен период на телото околу кое се орбитира (обично планета), а исто имаат иста насока на ротација и орбитирање.[1]

Поедноставено значење[уреди | уреди извор]

Синхрона орбита е орбита во која едно тело (на пример, вештачки сателит или месечина) обиколува друго примарно тело (планета) за исто време кое му е потребно на примарното тело да направи една ротација околу својата оска.

Својства[уреди | уреди извор]

Ако еден сателит е во синхрона орбита која е и екваторијална и кружна ќе изгледа како да е неподвижен над точка на екваторот на планетата околу која орбитира. Синхроните сателити кои орбитираат околу Земјата се вика дека имаат геостационарна орбита. Меѓутоа, синхроната орбита не мора да биде екваторијална; ниту кружна. Телото во неекваторијална синхрона орбита ќе изгледа како да осцилира на север и југ над точка на екваторот на планетата, додека тело во елипсовидна орбита ќе изгледа како да осцилира кон исток и кон запад. Ако се гледа од телото околу кое се орбитира, со комбинацијата на овие две движења се создава еден образец во форма на бројот 8 наречена аналема.

Номенклатура[уреди | уреди извор]

Има многу специјализирани термини за синхрони орбити во зависност од телото околу кое се орбитира. Синхроната орбита околу Земјата која е кружна и лежи во екваторијалната рамнина се нарекува геостационарна орбита. Во поопшт случај, кога орбитата е наклонета кон екваторот на Земјата или не е кружна, се нарекува геосинхрона орбита. Соодветните термини за синхрони орбити околу Марс се ареостационарни и ареосинхрони орбити.

Формула[уреди | уреди извор]

За стационарна синхрона орбита:

[2]
G = Гравитациска константа
m2 = Маса на небесното тело
Т = период на ротација на телото

Со оваа формула се добива стационарната орбита на телото во однос на дадено тело.

Орбиталната брзина (брзината со која се движи сателитот низ вселената) се пресметува со множење на аголната брзина на сателитот со орбиталниот радиус.

Примери[уреди | уреди извор]

Астрономски пример е најголемата месечина на Плутон - Харон.[3] Многу почесто, синхроните орбити се користат од вештачки сателити кои се користат за комуникација, како што се геостационарните сателити .

Природните сателити, кои можат да имаат синхрона орбита само преку плимно заклучување со нивното родителско тело, тоа секогаш е поврзано со синхроната ротација на сателитот. Ова е затоа што помалото тело побрзо плимно се заклучува, и додека да постигне синхрона орбита, веќе долго време има заклучена синхрона ротација.

Орбита Маса на телото (кг) Период на сидерална ротација Голема полуоска (км) Висина
Геостационарна орбита (Земја) 5,97237×10 24 0,99726968 г 42,164 км (26.199 милји) 35,786 км (22.236 милји)
ареостационарна орбита (Марс) 6,4171×10 23 88.642 с 20,428 км (12.693 милји)
Стационарна орбита на Церера 9,3835×10 20 9,074170 ч 1,192 км (741 милји) 722 км (449 милји)
Стационарна орбита на Плутон

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Holli, Riebeek (2009-09-04). „Catalog of Earth Satellite Orbits : Feature Articles“. earthobservatory.nasa.gov (англиски). Посетено на 2016-05-08.
  2. „Calculating the Radius of a Geostationary Orbit - Ask Will Online“. Ask Will Online (англиски). 2012-12-27. Посетено на 2017-11-21.
  3. S.A. Stern (1992). „The Pluto-Charon system“. Annual Review of Astronomy and Astrophysics. 30: 190. Bibcode:1992ARA&A..30..185S. doi:10.1146/annurev.aa.30.090192.001153. Charon's orbit is (a) synchronous with Pluto's rotation and (b) highly inclined to the plane of the ecliptic.