Кумановски астрономски клуб „Кокино“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лого на клубот

Кумановски астрономски клуб „Кокино“астрономско друштво основано на 6 јануари 2009 г. како група на Facebook, а првиот состанок бил одржан на 22 февруари 2009 г. во Куманово, каде што присуствувале шест членови. Истиот месец е создадена и мрежната страница на клубот од страна на Маневски Марко, Мартин Страхиловски и Никола Суботиќ.

Клубот ја имаше својата официјална презентација на отварањето на Меѓународната година на астрономијата на 26 февруари 2009 г.[1]. Скоро година дена после тоа, на 22 февруари 2010 г, Клубот го одржал своето основачко собрание [2], и на 10 март 2010 беше регистрано друштвото.

Главната цел на клубот е популаризирање на астрономијата како наука и како хоби во Куманово и околината.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]