Изгрејсонце
Изгрејсонце или изгрев – време кога изгрева Сонцето[1][2]. Тоа е времето од денот, кога дискот на Сонцето почнува да се појавува на исток над хоризонтот. Изгрејсонцето не треба да се меша со зората, при која ноќното небо почнува да се осветлува и која настапува некое време пред изгрејсонцето. Поради рефракцијата на Сончевите зраци во атмосферата изгледа дека Сонцето се гледа, додека фактички тоа сè уште е под хоризонтот. Како изгрејсонцето, така и зајдисонцето може да се третира како визуелна измама.
Привидното вртење на Сонцето околу Земјата во западна насока по изгрејсонцето фактички се должи на ротацијата на Земјата околу нејзината оска во источна насока. Илузијата за ротацијата на Сонцето околу Земјата е толку убедлива така што во повеќето светски митологии и религии е усвоен геоцентричниот модел на светот.
Луѓето за изгрејсонце го сметаат моментот кога над хоризонтот ќе се покаже врвниот дел од сончевиот диск, а не неговиот центар. На ист начин за зајдисонце се прифаќа моментот кога не средиштето, туку последните делови од дискот ќе исчезнат под хоризонтот. На тој начин благо се зголемува времетраењето на „денот“ во однос на „ноќта“. Сепак, астрономите ги засноваат пресметките за времетраењето на денот токму на моментите кога центарот на дискот го преминува хоризонтот.
Во северната полутопка изгрејсонце најдоцна настапува не на зимската краткодневица (околу 21 декември), туку во почетокот на јануари. Аналогно, најраното изгрејсонце не настапува на долгодневицата (околу 21 јуни), туку малку порано во јуни. При движење од екваторот кон Северниот Пол моментите на изгрејсонце и зајдисонце се менуваат, како што се менуваат и во различните денови през годината. И на самиот екватор моментите на изгрејсонце и зајдисонце варираат во текот на годината во рамките на неколку минути.
Изгрејсонцето како мотив во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Изгрејсонце“ — расказ од канадската писателка Маргарет Етвуд.[3][4]
- „Изгрејсонце“ (англиски: Sunrise) — песна на македонскиот музичар Бодан Арсовски.[5]
- „Гледај го изгрејсонцето“ (англиски: Watch The Sunrise) — песна на американската поп-рок група Биг стар од 1972 година.[6]
- „Изгревање на сонцето“ (англиски: Sun Arise) — песна на англиската рок-група The Godfathers.[7]
- „Изгрејсонце“ (англиски: Sun Arise) — песна на американскиот рок-музичар Алис Купер (Alice Cooper).[8]
- „Изгрејсонце“ (англиски: Sunrise) — песна на британската поп-рок група Њу ордер (New Order) од 1985 година.[9]
- „Изгрејсонце со текила“ (англиски: Tequila Sunrise) — американски филм од 1988 година, во режија на Роберт Таун.[10]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Изгрејсонце над планината Петрино, Охрид
-
Изгрејсонце на Попова Шапка
-
Изгрејсонце на Беласица
-
Изгрејсонце на Чеплес (1.450 м), планинарски дом на патот кон Солунска Глава
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Изгрејсонце“ на Ризницата ? |
- Sun or Moon Rise/Set Table for one Year Архивирано на 14 октомври 2011 г.
- Full physical explanation of sky color, in simple terms
- An Excel workbook with VBA functions for sunrise, sunset, solar noon, twilight (dawn and dusk), and solar position (azimuth and elevation)
- Daily almanac including Sun rise/set/twillight for every location on Earth Архивирано на 29 јуни 2007 г.
- Monthly calendar with Sun/Moon rise/set times for every location on Earth
- Geolocation service to calculate the time of sunrise and sunset
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Изгрејсонце“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Изгрев“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 266-294.
- ↑ Маргарет Етвуд, Пролетната песна на жабите, Темплум, Скопје, 2005, стр. 7-34.
- ↑ YouTube, Bodan Arsovski - Sunrise (посетена на 27.11.2019)
- ↑ Discogs, Big Star – #1 Record (пристапено на 5.2.2022)
- ↑ YouTube, Sun Arise (пристапено на 1.11.2022)
- ↑ Alice Cooper, Love it to death & Killer, Some Wax Recordings, SW 126-2, 2003.
- ↑ Discogs, New Order – Low-life (пристапено на 9.3.2021)
- ↑ „Текила санрајз“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 24.
|