Астероид од типот M

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Видманштетеновата структура во никелско-железните метеорити, често поврзани со астероидите од типот M.[1]

Астероиди од типот M — вид на астероиди со делумно познат состав и умерена сјајност (албедо од 0,1–0,2). Некои од нив се сочинети од никелжелезо, чисти или мешани со помало количество камен. Се сметаат дека се парчиња од метални јадра на издиференцирани астероиди разбиени со удар, и дека од нив потекнуваат железните метеорити. Астероидите од типот M се трети по застапеност.

Постојат и онакви чиј состав е непознат. На пример, 22 Калиопа има точно позната густина која е премала за целовидно метално тело, па дури и за метален збировит отпад: на збировит отпад од железно-никелов метал би му требала порозност 70 %, што не одговара на потребната склопеност. 22 Калиопа и 21 Лутеција во нивните спектри покажуваат присуство на хидратациски минерали[2] и силикати,[3] аномално мали радарски албеда нескладни со метална површина,[4] како и одлики почесто кај астероидите од типот C. Разни други астероиди од типот M не одговараат на оваа слика за метално тело.

Спектрите на астероидите од типот M се рамни и црвеникави, обично без големи особини, но понекогаш се присутни помалку изразени впивни особини со должина од 0,55 до 0,75 μм.[5]

Набљудувања[уреди | уреди извор]

Најголемиот астероид од типот M е 16 Психа, и делува дека е металичен. 21 Лутеција, кое е аномално и веројатно неметалично тело, била првиот сликан астероид од овој тип кога бил посетен од сондата „Розета“ на 10 јули 2010 г. 216 Клеопатра е снимена со радар во опсерваторијата „Аресибо“ во Порторико, и има облик на кучешка коска.[6]

Типот M бил еден од трите основни типа во првобитната класификација на астероидите (заедно со типовите S и C) и уште тогаш се сметал дека принадлежи на металични тела.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Amos, Jonathan (31 јануари 2016). „Hunt for Antarctica's 'lost meteorites'. BBC News. Посетено на 15 јануари 2018.
  2. A.S. Rivkin; и др. (2000). „The nature of M-class asteroids from 3-micron observations“. Icarus. 145 (2): 351. Bibcode:2000Icar..145..351R. doi:10.1006/icar.2000.6354.
  3. D.F. Lupishko; и др. (1982). „UBV photometry of the M-type asteroids 16 Psyche and 22 Kalliope“. Solar System Research. 16: 75. Bibcode:1982AVest..16..101L.
  4. C. Magri; и др. (2001). „Radar constraints on asteroid regolith compositions using 433 Eros as ground truth“. Meteoritics & Planetary Science. 36 (12): 1697. Bibcode:2001M&PS...36.1697M. doi:10.1111/j.1945-5100.2001.tb01857.x.
  5. S.J. Bus and R.P. Binzel (2002). „Phase II of the Small Main-belt Asteroid Spectroscopy Survey: A feature-based taxonomy“. Icarus. 158 (1): 146–177. Bibcode:2002Icar..158..146B. doi:10.1006/icar.2002.6856.
  6. Shepard, Michael K.; Timerson, Bradley; Scheeres, Daniel J.; Benner, Lance A.M.; Giorgini, Jon D.; Howell, Ellen S.; Magri, Christopher; Nolan, Michael C.; Springmann, Alessondra; Taylor, Patrick A.; Virkki, Anne (2018). „A revised shape model of asteroid (216) Kleopatra“. Icarus. 311: 197–209. Bibcode:2018Icar..311..197S. doi:10.1016/j.icarus.2018.04.002.