Аморски астероиди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аморските астроиди споредени со орбитите на околните планети од Сончевиот Систем
      Марс (Ма)
      Марсови тројанци
      Венера (В)
      Меркур (Ме)
      Сонце
      Аморски астероиди
      Земја (З)

Аморски астероиди (или амори) — група на близуземски астероиди наречени по архетипото тело 1221 Амор. Орбиталниот перихел на овие тела е близок на, но не поголем од, орбиталниот афел на Земјата (т.е. телата не ја пресекуваат Земјината орбита),[1] но затоа највеќето амори ја пресекуваат орбитата на Марс. Аморскиот астероид 433 Ерос е првиот астероид посетен од роботска вселнска сонда.

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Аморскиот астероид Ерос посетен од сондата NEAR Шумејкер во 2000 г.

Еден астероид е аморски ако ги има следниве орбитални особености:[2]

  • Орбиталниот период е поголем од една година; т.е., орбиталната главна полуоска (a) е поголема од 1,0 ае (a > 1,0 ае);
  • Орбитата не ја пресекува Земјината; т.е. орбиталниот перихел (q) е поголем од Земјиниот орбитален афел (q > 1,017 ае);
  • Телото е близуземско тело; т.е. q < 1,3 ае.

Бројност[уреди | уреди извор]

Во 2019 г. се знаело за 7.427 аморски астероиди.[3] 1.153 имале бројна ознака, а 75 од нив носеле имиња.[4]

Надворешни земјодопирачи[уреди | уреди извор]

Надворешен земјодопирач е астероид кој обично е вон Земјината орбита, но може да дојде поблиску до Сонцето отколку Земјиниот афел (1,0167 ае), а не поблиску од Земјиниот афел (0,9833 ае); т.е. неговиот перихел лежи помеѓу Земјиниот перихел и афел. Овој вид астероиди е поделен на аморски и аполонски. Согласно горенаведената дефиниција за аморски астероиди, „земјодопирачите“ кои никогаш не доаѓаат поблиску до Сонцето отколку што е Земјата (во било која точка долж орбитата) се амори, а оние што доаѓаат поблиску се аполони.

Потенцијално опасни астероиди[уреди | уреди извор]

За да се смета за потенцијално опасен астероид (ПОА), орбитата на телото во даден миг мора да дојде на растојание од 0,05 ае од Земјината орбита, а самото тело мора да биде доволно големо за да предизвика значајна регионална штета ако се судри со Земјата.[5] Највеќето ПОА се или атонски или аполонски астероиди (затоа имаат орбити кои ја пресекуваат Земјината), но околу една десеттина од ПОА се аморски. Оттука, потенцијално опасниот амор мора да има перихел помал од 1,05 ае. Овој услов го задоволуваат околу 20 % од познатите амори, а една петтина од нив се ПОА. Меѓу педесетте познати аморски ПОА се и именувани тела како 2061 Анса, 3122 Флоренс, 3908 Никта и 3671 Дионис.

Списоци[уреди | уреди извор]

Зачајни аморски астероиди[уреди | уреди извор]

Име Година Откривач Навод
3908 Никта 1980 Ханс-Емил Шустер ЦМП · JPL · LCDB
1221 Амор 1932 Ежен Делпорт ЦМП · JPL · LCDB
1036 Ганимед 1924 Валтер Баде ЦМП · JPL · LCDB
887 Алинда 1918 Макс Волф ЦМП · JPL · LCDB
719 Алберт 1911 Јохан Пализа ЦМП · JPL · LCDB
433 Ерос 1898 Густав Вит ЦМП · JPL · LCDB

Амори со имиња[уреди | уреди извор]

Ова е нецелосен список на аморски астероиди кои носат имиња.[6]

Ознака Привр. ознака
433 Ерос 1898 DQ
719 Алберт 1911 MT
887 Алинда 1918 DB
1036 Ганимед 1924 TD
1221 Амор 1932 EA1
1580 Бетулија 1950 KA
1627 Ивар 1929 SH
1915 Кецалкоатл 1953 EA
1916 Бореј 1953 RA
1917 Кујо 1968 AA
1943 Антерос 1973 EC
1980 Тескатлипока 1950 LA
2059 Бабокивари 1963 UA
2061 Анса 1960 UA
2202 Пеле 1972 RA
2368 Белтровата 1977 RA
2608 Сенека 1978 DA
3102 Крок 1981 QA
3122 Флоренс 1981 ET3
3199 Нефертити 1982 RA
3271 Ul 1982 RB
3288 Селевк 1982 DV
3352 Меколиф 1981 CW
3551 Веренија 1983 RD
3552 Дон Кихот 1983 SA
Ознака Привр. ознака
3553 Мера 1985 JA
3671 Дионис 1984 KD
3691 Беда 1982 FT
3757 Анаголај 1982 XB
3908 Никта 1980 PA
3988 Хума 1986 LA
4055 Магелан 1985 DO2
4401 Адити 1985 TB
4487 Покахонтас 1987 UA
4503 Клеобул 1989 WM
4947 Нинкаси 1988 TJ1
4954 Ерик 1990 SQ
4957 Брусмари 1990 XJ
5324 Љапунов 1987 SL
5332 Дејвидагилар 1990 DA
5370 Таранис 1986 RA
5620 Џејсонвилер 1990 OA
5653 Камариљо 1992 WD5
5751 Зао 1992 AC
5797 Бивој 1980 AA
5863 Тара 1983 RB
5869 Танит 1988 VN4
5879 Алмерија 1992 CH1
6050 Миваблок 1992 AE
6456 Голомбек 1992 OM
Ознака Привр. ознака
6569 Ондаџи 1993 MO
7088 Иштар 1992 AA
7336 Сондерс 1989 RS1
7358 Озе 1995 YA3
7480 Норван 1994 PC
8013 Гордонмур 1990 KA
8034 АКа 1992 LR
8709 Кадлу 1994 JF1
9172 Абраму 1989 OB
9950 ESA 1990 VB
11284 Белен 1990 BA
13553 Масакикојама 1992 JE
15745 Јулија 1991 PM5
15817 Лучанотези 1994 QC
16064 Дејвидхарви 1999 RH27
16912 Ријанон 1998 EP8
18106 Блум 2000 NX3
20460 Робвајтли 1999 LO28
21088 Чељабинск 1992 BL2
52387 Вицилопочтли 1993 OM7
65803 Дидим 1996 GT
96189 Пигмалион 1991 NT3
154991 Винчигера 2005 BX26
162011 Кономару 1994 AB1
164215 Долоресхил 2004 MF6
Ознака Привр. ознака
189011 Огмиј 1997 NJ6
452307 Манавидан 1997 XV11
481984 Кернун 2009 KL2

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Amor asteroid“. astronomy encyclopedia. Созвездия.ру. Посетено на 26 декември 2018.
  2. „NEO Groups“. NASA/JPL Near-Earth Object Program Office. Посетено на 4 јуни 2012.
  3. List of Amor asteroids generated by the JPL Small-Body Database Search Engine посет. 3 април 2019 г
  4. List of numbered Amor asteroids generated by the JPL Small-Body Database Search Engine посет. 15 ноември 2018 г
  5. „List Of The Potentially Hazardous Asteroids (PHAs)“. The International Astronomical Union Minor Planet Center. IAU - Minor Planet Center. Посетено на 3 април 2019.
  6. „List Of Amor Minor Planets (by designation)“. Minor Planet Center. Посетено на 3 март 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]