Прејди на содржината

Макс Волф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Макс Волф
Макс Волф
Роден(а)21 јуни 1863
Хајделберг, Германија
Починал(а)3 октомври 1932 (69 години)
Хајделберг, Германија
НационалностГерманец
Полињаастрономија
УстановиХајделбершки универзитет
ОбразованиеХајделбершки универзитет
Докторски менторЛео Кенигсбергер
ДокторандиАвгуст Копф
Хајнрих Вогт
Вилхелм Лоренц
Познат поАстрофотографија
Поважни наградиБрусов медал (1930)

Макс Волф (германски: Max Wolf), полно име: Максимилијан Франц Јозеф Корнелиус Волф (Maximilian Franz Joseph Cornelius Wolf; Хајделберг, 21 јуни 1863 - 3 октомври 1932 ) — германски астроном и пионер во полето на астрофотографијата. Тој бил претседател на катедрата за астрономија на Хајделбершкиот универзитет и директор на опсерваторијата Хајделберг-Кенигштул од 1902 до 1932 година.

Детство и рана младост

[уреди | уреди извор]

Роден во Хајделберг, Германија на 21 јуни 1863 година како син на познат медицински доктор со име Франц Волф. Неговиот тако го поттикнувал неговиот интерес во науката и му изградил опсерваторија на својот син во градината на семејната куќа. Токму оттука Волф ќе ги направи своите први откритија, како што е кометата 14P/Волф од 1884 година.[1]

Работа на универзитетот

[уреди | уреди извор]

Тој се школувал во градскиот универзитет од светска слава, во 1888 година, на возраст од 25 години, се стекнал со звањето проф. д-р од Хајделбершкиот универзитет. Заминува на постдипломски студии во Стокхолм и овој период е единствениот во кој тој го напуштил Хајделберг. Се вратил на Хајделбершкиот универзитет и ја прифатил местоположбата на приват доцент во 1890 година. Како познат предавач по астрономија, ги одбивал понудите за работа од другите институции. Во 1902 година бил назначен за раководител по астрономија и директор на новата опсерваторија Хајделберг-Кенигштул. Звања кои ќе ги задржи сè до неговата смрт во 1932 година.[2]

Брусовиот двоен астрограф при опсерваторијата Хајделберг-Кенигштул

Додека траела изградбата на новата опсерваторија Волф бил назначен да ја надгледува изградбата и опремувањето на астрофизичкиот дел од опсерваторијата. Не само што бил одличен надгледувач тој бил и одлиќен прибирач на доации. Кога бил во америка да ја види изградбата на големите нови телескопи тој се вретаил и со донација од 10.000 долари од американскиот филантропист Кетрин Вулф Брус. Вулф веднаш испланирал и нарачал двоен рефракторски телескоп од американскиот астроном и градител на инструменти, Џон Брашер. Овој инструмент е познат како Брусов двоен -астрограф, со паралелни леќи со пречник од 41 см. со отвор од f/5, со што станал основниот истражувачки телескопот на опсерваторијата. Тој исто така собрал пари за 71 см. рефлекторски телескоп, првиот продолжил да се користи за спектроскопија.[3]

Во 1910 година Волф му предложил на претпријатието Карл Цајс за оптика да создаде нов инструмент, денес познат под името планетариум. Првата светска војна му ги попречила плановите но компанијата продолжила со работа на проектот по завршувањето на војната. Првото прикажување за јавноста било во Германскиот музеј во Минхен Германија на 21 октомври 1923 година.[4]

За време на неговото патување во Америка бил заинтересиран да научи нешто повеќе за новото поле на астрофотографијата и така го запознава познатиот американски астроном и астрофотографер Едвард Емерсон Барнард. Двајцата ќе останат во контакт како соперници, соработници и пријатели. Волф бил запрепастен од смртта на својот пријател во 1923 година при што напишал долг некролог.[5]

Подоцнежен живот и смрт

[уреди | уреди извор]

Универзитетот, кој веќе бил светски познат во многу други полиња, бил добро познат и по астрономија, пред сè поради водството од страна на Волф. Самиот Волф бил бил активен истражувач, придонел со бројни трудови во многу области на астрономијата до самиот крај на својот живот. Како и неговиот пријател, Едвард Емерсон Барнард, тој починал релативно млад како за еден астроном. Тој починал во Хајделбер на 3 октомври 1932 година на возраст од 69 години.[1]

Комети и нови

[уреди | уреди извор]

Волф својата кариера ја започнал како ловец на комети и продолжил да открива нови комети сè до крајот на својот живот. Тој има откриено и кооткриено неколку комети, вклучувајќи ги 14P/Волф и 43P/Волф-Харингтон. Победил на натпреварот со Едвард е Емерсон Барнард за тоа кој прв ќе го забечежи враќањето на Халеевата Комета (P1/Halley) во април 1910 година.[3]

Тој открил или кооткрил четири супернови: SN 1895A (позната и како VW Девица), SN 1909A (позната и како SS Голема Мечка), SN 1920A, и заедно со Карл Вилхелм Рејнмут, SN 1926A.

Темни маглини

[уреди | уреди извор]

Еден од позначајните придонеси на Волф било определувањето на природата на темните маглини. Овие области на небото, за кои уште од времето на Вилијам Хершел се сметале за „празнини на небото“, и биле загатка за астрономите. Во овие области не можеле да се забележат ѕвезди, само сеприсутна темнина. Во соработка со Едвард Емерсон Барнард, тој докажал, со внимателна фотографска анализа, дека овие темни маглини се всушност огромни облаци од фина непровидна прашина.[3]

Ѕвезден каталог

[уреди | уреди извор]

Заедно со Едвард Емерсон Барнард, Волф ја применил астрофотографијата за набљудување на ѕвездите. Брусовиот двоен-астрограф бил првично осмислен за лов на темни астероиди, но се покажало дека истиот е идеален за проучување на сопственото движење на нискосјани ѕвезди со употреба на истата техника. Во 1919 година Волф објавил каталог на местоположбите на преку една илијада ѕвезди заедно со измерените сопствени движења. Овие ѕвезди и денес се наречени според имињата и каталошките броеви од неговиот каталог.[6] Меѓу ѕвездите кои се откриени се Волф 359, темно црвено џуџе за кое подоцна е откриено дека е најблиска ѕвезда до Сончевиот Систем.[7] Тој продолжил да ги определува сопствените движења на ѕвездите за својот каталог сè до крајот на својот живот, со што каталогот ќе содржи 1500 ѕвезди, многу повеќе од сите останати соперници заедно.[8] Овие ѕвезди се значајни бидејќи ѕвездите со ниска сјајност и брзо сопствено движење, како што е Барнардовата ѕвезда и Волф 359, сè релативно близу до Земјата и токму поради ова ѕвездите од Волфовиот каталог се важни за астрономските изтражувања до ден денес. Методите кои ги користеле Едвард Емерсон Барнард и Волф продолжиле да ги користат Франк Елмор Рос и Жорж Ван Бисбрук до средината на XX век. Подоцна фотографските плочи се заменети со почувствителните електронски фотодетектори за астрономски набљудувања.

Астероиди

[уреди | уреди извор]

Волф го открил својот прв астероид 323 Брусија, именуван според Кетрин Волф Брус, во 1891 година. Тој бил првиот кој користел астрофотографски техники за да го автоматизира откривањето на астероидите, за разлика од старите визуелни методи, со што стапката на новооткриени астероиди се зголемувала постојано. При временско експоризираните фотографии астероидите наликуваат на куси развлечени флеки поради нивното движење во однос на ѕвездите. Тој на овој начин има откриено преку 200 астероиди.

Меѓу многуте негови откритија е и 588 Ахил (првиот тројански астероид) од 1906 година, како и други два тројанци: 659 Нестор и 884 Пријам. Тој исто така ги открил 887 Алинда во 1918 година, кој денес е познат како астероидот Амор. Кратко по неговото последно откритие (на 6 февруари 1932 година), неговиот рекорд од 248 откриени астероиди го надминал неговиот ученик Карл Вилхем Рејнмут, на 24 јули 1933 година.

Награди и почести

[уреди | уреди извор]

Кратерот Волф на Месечината е именувана во негова чест, како и астероидот 827 Волфиjана.

Други астрономи со име Волф

[уреди | уреди извор]
323 Брусија22 декември 1891
325 Хајделберга4 март 1892
328 Гудрун18 март 1892
329 Свеја21 март 1892
330 Адалберта2 февруари 1910
332 Сири19 март 1892
333 Баденија22 август 1892
334 Чикаго23 август 1892
339 Доротеја25 септември 1892
340 Едуарда25 септември 1892
341 Калифорнија25 септември 1892
342 Ендимион17 октомври 1892
343 Остара15 ноември 1892
351 Ирса16 декември 1892
352 Жизела12 јануари 1893
353 Руперто-Карола16 јануари 1893
385 Илматар1 март 1894
386 Зиегена1 март 1894
391 Ингеборг1 ноември 1894
392 Вилхелмина4 ноември 1894
393 Лампеција4 ноември 1894
399 Персефона23 февруари 1895
401 Отилија16 март 1895
407 Арахна13 октомври 1895
408 Фама13 октомври 1895
412 Елизабета7 јануари 1896
413 Едбурга7 јануари 1896
415 Палатија7 февруари 1896
417 Суевија6 мај 1896
418 Алеманија7 септември 1896
419 Аврелија7 септември 1896
420 Бертолда7 септември 1896
421 Церингија7 септември 1896
434 Унгарија11 септември 1898
435 Ела[А]11 септември 1898
436 Патриција[А]13 септември 1898
442 Ајхсфелдија[А]15 февруари 1899
443 Фотографика[А]17 февруари 1899
446 Етернитас[А]27 октомври 1899
447 Валентина[А]27 октомври 1899
448 Наталија[А]27 октомври 1899
449 Хамбурга[А]31 октомври 1899
450 Бригита[А]10 октомври 1899
455 Брухзалија[А]22 мај 1900
456 Абноба[А]4 јуни 1900
457 Алегенија[А]15 септември 1900
458 Херсинија[А]21 септември 1900
459 Сигне22 октомври 1900
460 Сканија22 октомври 1900
461 Саскија22 октомври 1900
462 Ерифила22 октомври 1900
463 Лола31 октомври 1900
464 Мегера9 јануари 1901
465 Алекто13 јануари 1901
466 Тизифона[Б]17 јануари 1901
467 Лаура9 јануари 1901
468 Лина18 јануари 1901
471 Папагена7 јуни 1901
473 Ноли13 февруари 1901
474 Пруденција13 февруари 1901
480 Ханза[Б]21 мај 1901
482 Петрина3 март 1902
483 Сепина4 март 1902
484 Питсбургија29 април 1902
488 Креуза[Б]26 јуни 1902
490 Веритас3 септември 1902
491 Карина3 септември 1902
492 Гизмонда3 септември 1902
493 Гризелда7 септември 1902
494 Виртус7 октомври 1902
495 Евлалија25 декември 1902
496 Грифија25 октомври 1902
499 Венузија24 декември 1902
500 Селинур16 јануари 1903
501 Урхиксидур18 јануари 1903
502 Сигуна19 јануари 1903
509 Јоланда28 април 1903
512 Тауриненсида23 јуни 1903
513 Центезима24 август 1903
514 Армида24 август 1903
515 Аталија20 септември 1903
520 Франциска[В]27 октомври 1903
522 Хелга10 јануари 1904
524 Фиделио14 март 1904
526 Јена14 март 1904
527 Евријанта20 март 1904
528 Реција20 март 1904
529 Прециоса20 март 1904
530 Турандот11 април 1904
531 Церлина12 април 1904
532 Херкулина20 април 1904
539 Памина2 август 1904
540 Розамунда3 август 1904
541 Дебора4 август 1904
549 Јесонда15 ноември 1904
550 Сента16 ноември 1904
551 Ортруда16 ноември 1904
552 Зигелинда14 декември 1904
553 Кундри27 декември 1904
555 Норма14 јануари 1905
557 Виолета26 јануари 1905
558 Кармен9 февруари 1905
559 Нанон8 март 1905
560 Далила13 март 1905
561 Ингвелда26 март 1905
562 Салома3 април 1905
565 Марбахија9 мај 1905
570 Китера30 јули 1905
573 Реха19 септември 1905
574 Реџинилд19 септември 1905
575 Рената19 септември 1905
577 Реја20 октомври 1905
578 Хапелија1 ноември 1905
580 Селена17 декември 1905
586 Текла21 февруари 1906
587 Хипсипила22 февруари 1906
588 Ахил22 февруари 1906
590 Томирис4 март 1906
592 Витсавеја18 март 1906
594 Миреј27 март 1906
597 Бандузија16 април 1906
598 Октавија13 април 1906
601 НертусЈуни 21, 1906
605 Живизија27 август 1906
609 Фулвија24 септември 1906
610 Валеска26 септември 1906
641 Агнес8 септември 1907
642 Клара8 септември 1907
659 Нестор23 март 1908
683 Ланција23 јули 1909
692 Хиподамија[Г]5 ноември 1901
707 Штајна22 декември 1910
712 Боливијана19 март 1911
733 Мокија16 септември 1912
798 Рута21 ноември 1914
800 Кресманија20 март 1915
801 Хелвертија20 март 1915
802 Епиакса20 март 1915
805 Хормутија17 април 1915
806 Гилденија18 април 1915
807 Сераскија18 април 1915
809 Лундија11 август 1915
810 Атоса8 септември 1915
811 Нојхајм8 септември 1915
813 Бомеја28 ноември 1915
815 Копелија2 февруари 1916
816 Јулијана8 февруари 1916
817 Аника6 февруари 1916
818 Каптајнија21 февруари 1916
819 Бернардијана3 март 1916
820 Адријана30 март 1916
821 Фани31 март 1916
822 Лалаге31 март 1916
823 Сисигамба31 март 1916
826 Хенрика28 април 1916
831 Статеира20 септември 1916
832 Карин20 септември 1916
833 Моника20 септември 1916
834 Бернамија20 септември 1916
835 Оливија23 септември 1916
836 Јола23 септември 1916
837 Шварцшилда23 септември 1916
838 Серафина24 септември 1916
839 Валборга24 септември 1916
840 Зенобија25 септември 1916
841 Арабела1 Октомври 1916
842 Керстина1 октомври 1916
845 Наема16 ноември 1916
860 Урсина22 јануари 1917
861 Аида22 јануари 1917
862 Франција28 јануари 1917
863 Бенкоела9 февруари 1917
865 Зубаида15 февруари 1917
866 Фатме25 февруари 1917
868 Лова26 април 1917
870 Манто12 мај 1917
871 Амнерида14 мај 1917
872 Холда21 мај 1917
873 Мехтилда21 мај 1917
874 Ротруда25 мај 1917
875 Нимфа19 мај 1917
879 Рикарда22 јули 1917
880 Херба22 јули 1917
881 Атена22 јули 1917
883 Матеранија14 септември 1917
884 Пријам22 септември 1917
887 Алинда3 јануари 1918
888 Парисатида2 февруари 1918
889 Еринија5 март 1918
890 Валтраут11 март 1918
891 Гунхилда17 мај 1918
892 Зелигерија31 мај 1918
893 Леополдина31 мај 1918
894 Ерда4 јуни 1918
895 Хелио11 јули 1918
896 Сфинга1 август 1918
897 Лисистрата3 август 1918
898 Хилдегард3 август 1918
899 Јокаста3 август 1918
900 Розалинда10 август 1918
901 Брунзија30 август 1918
904 Рокефелија29 октомври 1918
907 Рода12 ноември 1918
908 Буда30 ноември 1918
914 Пализана4 јули 1919
919 Илсебил30 октомври 1918
927 Ратисбона16 февруари 1920
946 Поезија11 февруари 1921
949 Хел11 март 1921
972 Конија18 јануари 1922
1008 Ла Пас31 октомври 1923
1021 Фламарио11 март 1924
1038 Такија24 ноември 1924
1039 Зоненберга24 ноември 1924
1053 Вигдис16 ноември 1925
1069 Планкија28 јануари 1927
1134 Кеплер25 септември 1929
1141 Бомија4 јануари 1930
1169 Алвина[Д]30 август 1930
1178 Ирмела13 март 1931
1179 Мали19 март 1931
1203 Нана5 октомври 1931
1214 Рихилда1 јануари 1932
1219 Брита6 февруари 1932
1365 Хенјеј9 септември 1928
1514 Рикоукса22 август 1906
1661 Гранула31 март 1916
1703 Бери2 септември 1930
1967 Менцел1 ноември 1905
2017 Весон20 септември 1903
2119 Швал[Д]30 август 1930
2298 Сендџон2 октомври 1915
2373 Имо4 август 1929
2443 Томејлин24 јануари 1906
2483 Гвиневера17 август 1928
2533 Фехтиг3 ноември 1905
2650 Елинор14 март 1931
2732 Вит19 март 1926
3034 Клименхага24 септември 1917
3202 Граф3 јануари 1908
3396 Муазез15 октомври 1915
3626 Осаки4 август 1929
3907 Килмартин14 август 1904
4588 Вислиценус13 март 1931
4775 Хансен3 октомври 1927
4809 Робертбал5 септември 1928
5702 Морандо16 март 1931
5926 Шонфелд4 август 1929
Откриен заедно со:
А А. Швасман
Б Л. Карнера
В П. Гец
Г А. Копф
Д М. Фереро

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 MacPherson, H. (1932). „Obituary: Max Wolf“. The Observatory. 55: 355–359. Bibcode:1932Obs....55..355M.
  2. „Obituary Notices: Associates:- Wolf, Max“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 93: 236. February 1933. Bibcode:1933MNRAS..93..236.. doi:10.1093/mnras/93.4.236.
  3. 1 2 3 Tenn Joseph S. (1994). „Max Wolf: The Twenty-Fifth Bruce Medalist“ (PDF). Mercury. 23 (4): 27–28. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-03-04. Посетено на 2015-01-31.
  4. Chartrand, Mark (September 1973). „A Fifty Year Anniversary of a Two Thousand Year Dream (The History of the Planetarium)“. The Planetarian. 2 (3). International Planetarium Society. ISSN 0090-3213. Посетено на 2009-02-26Предлошка:Inconsistent citations
  5. Wolf, M. (April 1923). „Anzeige des Todes von Edward Emerson Barnard“. Astronomische Nachrichten (германски). 218: 241. Bibcode:1923AN....218..241W. doi:10.1002/asna.19232181602.
  6. Wolf, M. (1919). „Katalog von 1053 staerker bewegten Fixsternen“. Veroeffentlichungen der Badischen Sternwarte zu Heidelberg (германски). 7 (10): 195–219. Bibcode:1919VeHei...7..195W.
  7. Wolf, M. (July 1917). „Eigenbewegungssterne“. Astronomische Nachrichten (германски). 204: 345. Bibcode:1917AN....204..345W. doi:10.1002/asna.19172042002.
  8. „Wolf“. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 2009-10-13.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]