Прејди на содржината

Алиндски астероиди

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алиндски астероиди (алинди) — група астероиди со голема полуоска од околу 2,5 ае и орбитално занесување од 0,4 до 0,65.[1] Наречена е по астероидот 887 Алинда, откриен од Макс Волф во 1918 г.

Овие тела се држат во подрачјето со орбитална резонанција со Јупитер во сооднос 1:3 (2,502 ае), што е блиску до резонанција 4:1 со Земјата (2,520 ае). Орбиталната занесеност на тело во оваа резонанција се зголемува со гравитациски пресеци со Јупитер сè додека не биде доведено во блиска средба долна планета, која ја нарушува резонанцијата.

Некои алинди имаат перихели многу блиски до Земјината орбита, од што произлегуваат низа блиски средби во четиригодишни интервали, поради резонанцијата 4:1 (приближно).

Една последица до ова е ситуацијата кога алиндски астероид е на неповолна положба за набљудување кога се наближува кон Земјата (на пример, при мало издолжување од Сонцето), тогаш оваа ситуација знае да трае со децении. Така, во 2010 г. е заклучено дека алиндскиот астероид 1915 Кецалкоатл е забележам само еднаш од 1985 г наваму.

Друга последица е тоа што некои од овие астероиди неколкупати доаѓааат релативно блиску Земјата, поради што се погодни за добри проучувања со радари од Земјината површина. Такви примери се 4179 Тевтат и 6489 Голевка, како и 2019 MO, кој се судрил со Земјата во јуни 2019 г.

Динамичка старост

[уреди | уреди извор]

Резонанцијата 3:1 со Јупитер предизвикува повторливо накачување на занесеноста на астероидната орбита. Динамички младите членови имаат занесување од 0,30 до 0,34, претежно задржувајќи се во астероидниот појас на 1,7–3,4 ае од Сонцето.[2] Постарите членови како 8709 Кадлу имаат занесеност од 0,465 до 0,475 иа ја пресекуваат Марсовата орбита. (8709 Кадлу доаѓа доволно блиску до Јупитер, Марс и Земјата за да биде гравитациски поттурнат)[3] Најстарите членови со занесеност меѓу 0,57 и 0,75 ја пресекуваат Земјината орбита.[2] Најзанесен астероид од групата е 3360 Сиринга, со вредност од 0,7 и орбита со динамички краток животен век.

ИмеГолема полуоскаЗанесеностНаводи
887 Алинда2,484220,56356JPL · ЦМП
1429 Пемба2,551850,33858JPL · ЦМП
1550 Тито2,546730,30984JPL · ЦМП
1607 Мејвис2,547830,30741JPL · ЦМП
1915 Кецалкоатл2,542070,57170JPL · ЦМП
2608 Сенека2,50350,57620JPL · ЦМП
3360 Сиринга2,468030,74295JPL · ЦМП
3628 Божњемцова2,536910,30052JPL · ЦМП
3806 Тремејн2,540580,31301JPL · ЦМП
4179 Тевтат2,510050,63423JPL · ЦМП
5847 Вакија2,544420,30086JPL · ЦМП
5864 Монголфје2,558660,32007JPL · ЦМП
6318 Кронкајт2,510020,46522JPL · ЦМП
(6322) 1991 CQ2,516280,47349JPL · ЦМП
6489 Голевка2,507680,60382JPL · ЦМП
(6491) 1991 OA2,509590,58946JPL · ЦМП
7092 Кадмо2,524930,70202JPL · ЦМП
7345 Хапер2,450470,32467JPL · ЦМП
(7568) 1988 VJ22,527390,33216JPL · ЦМП
(7569) 1989 BK2,549500,30348JPL · ЦМП
7638 Гледман2,536340,31606JPL · ЦМП
(8201) 1994 AH22,533620,70851JPL · ЦМП
8709 Кадлу2,534970,48432JPL · ЦМП
(9047) 1991 QF2,524790,31661JPL · ЦМП

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Minor planet groups/families Архивирано на 28 ноември 2010.
  2. 1 2 John S Lewis (3 август 2015). „The Alinda Family of Asteroids“. Посетено на 26 јуни 2019.
  3. „JPL Small-Body Database Browser: 8709 Kadlu (1994 JF1)“. Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 26 јуни 2019.