1862 Аполон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1862 Аполон
1862Apollo (Lightcurve Inversion).png
Тродимензионален модел на 1862 Аполон
Откривање[1]
ОткривачК. Рајнмут
Откриено воХајделбершка опсерваторија.
Откриено24 април 1932
Ознаки
Наречена по
Аполон
(Грчка митологија)
1932 HA
БЗТ · ПОТ
Венеропресекувач
Марсопресекувач
Аполонски астероиди
Орбитални особености[1]
Епоха 29 декември 2009 (ЈД 2455194.5)
Параметар на неодреденост 0
Лак на набљудување85.32 години (31162 денови)
Афел2.2935 AЕ
Перихел0.64699 АЕ
1.4702 АЕ
Занесеност0.55994
1.78 година (651.15 ден)
144.22°
0° 33м 10.332с / ден
Наклон6.3530°
35.739°
285.85°
Земјино НРОП0.0257026 АЕ
Јупитерово НРОП3.06837 АЕ
Јупитеров Тисеранов параметар4.415
Физички особености
Димензии1,5 км[2]
Среден полупречник
0.75 км
3.065 h (0.1277 d)
0.25[1][2]
Површинска темп. најм сред најг
Келвин[3] 171 K 214 K 322 K
Целзиус -102°C -59°C 49°C
Фаренхајт -151.6°F -74.2°F 120.2°F
Q (Толенов, SMASS
индекс на боја:B–V = 0.819
индекс на боја U–B = 0.481
16.25[1]

1862 Аполон е каменест астероид, со пречник од околу 1,5 километар, класифициран како близуземско тело (БЗТ). Бил откриен од германскиот астроном Карл Рајнмут во опсерваторијата Хајделберг на 24 април 1932 година, но го изгубиле и не бил пронајден до 1973 година.

Тој е истоимен и прв признат член на Аполонските астероиди, подгрупа на БЗТ кои се земјопресекувачи, односно ја преминуваат орбитата на Земјата кога се гледаат нормално со еклиптичката рамнина (преминувањето орбита е поопшт термин од фактичкото пресекување). Исто така, бидејќи орбитата на Аполон е многу ексцентрична, таа ги преминува орбитите на Венера и Марс и затоа се нарекува и венеропресекувач и марсопресекувач.

Иако Аполон бил прв откриен Аполонски астероид, неговиот официјален IAU-број (1862) е поголем од бројот на некои други аполонски астероиди, како на пример 1566 Икар, поради фактот што бил изгубен астероид повеќе од 40 години, а другите тела во меѓувреме биле нумерирани. Анализата на неговата ротација понудила опсервациски доказ за ЈОРП ефектот.[4]

Името го добил по грчкиот бог Аполон. Тој е бог на Сонцето, дете на Зевс и Лето, по што се именувани малите планети 5731 Зевс и 68 Лето.[5]

Сателит[уреди | уреди извор]

На 4 ноември 2005 година, било објавено дека со радарските набљудувања од опсерваторијата Аресибо во Порторико (вршени во периодот меѓу 29 октомври – 2 ноември 2005 година) била откриена астероидна месечина, или сателит на Аполон. Објавено било во Циркуларот на Меѓународната Астрономска Унија (IAUC) 8627.[6] Сателитот има пречник од само 80 метри и орбитира околу Аполон на растојание од само 3 километри.[7] Од површината на Аполон, S/2005 (1862) 1 би имал аголен пречник од околу 2,0835 степени. Calculated from the formula = (206265) d / D arcseconds. (see Angular diameter)</ref>

Потенцијално опасно тело[уреди | уреди извор]

1862 Аполон е потенцијално опасен астероид бидејќи неговото минимално растојание на пресекот на орбитата (MOID) е под 0,05 AЕ а неговиот пречник е поголем од 150 метри. Аполоновото минимално растојание на пресекот на орбитата со Земјата е 0,0257 АЕ (3.840.000 км). Неговата орбита е добро одредена за следните неколку стотици години. На 17 мај 2075 година ќе помине на 0,0083 АЕ (1.240.000 км) од Венера.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „JPL Small-Body Database Browser: 1862 Apollo (1932 HA)“ (2015-03-16 last obs.). Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 20 April 2016.
  2. 2,0 2,1 Gehrels, Tom (1994). Hazards Due to Comets and Asteroids. Tucson: University of Arizona Press. стр. 540–543. ISBN 978-0816515059.
  3. „Planetary Habitability Calculators“. Planetary Habitability Laboratory. University of Puerto Rico at Arecibo. Посетено на 7 December 2015.
  4. Durech, J.; Vokrouhlický, D.; Kaasalainen, M.; Weissman, P.; Lowry, S. C.; Beshore, E.; Higgins, D.; Krugly, Y. N.; и др. (September 2008). „New photometric observations of asteroids (1862) Apollo and (25143) Itokawa – an analysis of YORP effect“ (PDF). Astronomy and Astrophysics. 488 (1): 345–350. Bibcode:2008A&A...488..345D. doi:10.1051/0004-6361:200809663.
  5. Schmadel, Lutz D. (2003). „(1862) Apollo“. Dictionary of Minor Planet Names – (1862) Apollo. Springer Berlin Heidelberg. стр. 149. doi:10.1007/978-3-540-29925-7_1863. ISBN 978-3-540-29925-7.
  6. „IAU Circular No. 8627“. International Astronomical Union. Central Bureau for Astronomical Telegrams. Посетено на 8 December 2015.
  7. Johnston, Wm. Robert (November 16, 2014). „(1862) Apollo“. Johnston's Archive. Посетено на 8 December 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]