Противположба (астрономија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дијаграм на положбената астрономија

Противположба или опозиција — состојба во положбената астрономија каде две тела се наоѓаат на спротивни страни на небесната сфера гледајќи од некое тело (обично од Земјата).

Една планета (астероид или комета) е во противположба кога се наоѓа спроти Сонцето. Бидејќи орбити во Сончевиот Систем се речиси сорамнински (копланарни) на еклиптиката, ова се јавува кога Сонцето, Земјата и телото се поставени во приближно права линија или сизигија, т.е. Земјата и телото се во ист правец гледајќи од Сонцето. Противположбата важи само за горни (надворешни) планети (погл. дијаграмот).

Појавата на противположба се дефинира како состојба кога привидната геоцентрична небесна должина на телото се разликува за 180° од привидната геоцентрична должина на Сонцето.[1] Тогаш телото е:

  • во оваа очка на неговата орбита каде е најблиску до Земјата, пради што делува поголемо и посјајно[4]
  • релиси сосема облеано во сончевина; планетата покажува полна фаза, аналогно на полна месечина[5]
  • на местото каде противположбениот ефект ја засилува одбиената светлина од тела со неприкриени груби површини

Месечината, која кружи околу Земјата наместо Сонцето, е во приближна противположба на Сонцето кога е полна месечина.[6] Поточна противположба повремено се јавува со математичка редовност ако Месечината е во нејзината вообичаена точка на порамнетост со Сонцето и Земјата, така што изгледа полна и воедно е порамнета со еклиптиката (орбиталната рамнина на Земјата) за време на спуштачката и искачувачката газа на нејзината наклонета орбита од 5°; ова поточно се нарекува дека е во јазол на нејзината орбита, и во тој случај се јавува затемнување на Месечината. Попрецизен засенчен облик се јавува кога средишното подрачје на Земјата ќе се порамни поточно: средишно Месечево затемнување, од кои имало 14 во од 1950 до 2000 г, а останатите биле во полусенка.

Астрономскиот симбол за противположба е (U+260D). ()

Гледана од горна планета, една долна планета од спротивната страна на Сонцето е во горна врска со Сонцето. Долна конјукнција се јавува кога двете планети ќе се порамна од истата страна на Сонцето. При долна врска, горната планета е „во противположба“ на Сонцето гледајќи од долната планета (погл. дијаграмот).

Просечен интервал меѓу противположби[уреди | уреди извор]

Кога две планети се од истата страна на Сонцето, тогаш од гледиштето на долната планета другата планета е во противположба на Сонето. Кога двете се од спротивната страна на Сонцето, противположбата е од гледиштето на Сонцето. Во двата случаја интервалот помеѓу две такви појави со истите две планети не е постојан бидејќи орбитите не се кружни и бидејќи because планетите меѓусебно се растројуваат. Но просечниот интервал помеѓу нив може да се пресмета од периодите на двете планети. Брзината со која една планета кружи околу Сонцето (вртежи по единица време) е обратна на периодот, а брзинската разлика меѓу две планети е разликата меѓу нив. Бидејќи временскиот интервал помеѓу две противположби е времето потребно да се поминат 360° со таа брзинска разлика, просечниот интервал е:

На следнава табела се дадени овие просечни интервали (во години) за сите комбинации на осумте планети.

Просечен интервал меѓу противположби (во години)
Период 0,241 0,615 1,000 1,881 11,862 29,457 84,012 164,782
Меркур 0,241 0,396 0,317 0,276 0,246 0,243 0,242 0,241
Венера 0,615 0,396 1,599 0,914 0,649 0,628 0,620 0,617
Земја 1,000 0,317 1,599 2,135 1,092 1,035 1,012 1,006
Марс 1,881 0,276 0,914 2,135 2,235 2,009 1,924 1,903
Јупитер 11,862 0,246 0,649 1,092 2,235 19,859 13,812 12,782
Сатурн 29,457 0,243 0,628 1,035 2,009 19,859 45,361 35,868
Уран 84,012 0,242 0,620 1,012 1,924 13,812 45,361 171,396
Нептун 164,782 0,241 0,617 1,006 1,903 12,782 35,868 171,396

Поврзано[уреди | уреди извор]

Марс во противположба, 2016 г.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. U.S. Naval Observatory Nautical Almanac Office (1992). P. Kenneth Seidelmann (уред.). Explanatory Supplement to the Astronomical Almanac. University Science Books, Mill Valley, CA. стр. 733. ISBN 0-935702-68-7.
  2. Newcomb and Holden (1890), p. 115
  3. Newcomb, Simon; Holden, Edward S. (1890). Astronomy. стр. 115, 273.
  4. Moulton, Forest Ray (1918). An Introduction to Astronomy. стр. 255, 256.
  5. Newcomb and Holden (1890), p. 334
  6. Moulton (1918), p. 191
  7. „Close-up of the Red Planet“. Посетено на 20 мај 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]