6489 Голевка
Модел на Голевка изработен според податоците од „Аресибо“ | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Еленор Хелин |
Откриено | 10 мај 1991 |
Ознаки | |
1991 JX | |
Орбитални особености[1] | |
Епоха 6 ноември 2001 (јд 2452219.5) | |
Параметар на неодреденост 0 | |
Лак на набљудување | 8968 дена (24.55 г) |
Афел | 4,021663 ае (601,6322 Гм) |
Перихел | 0,992813 ае (148,5227 Гм) |
2,507238 ае (375,0775 Гм) | |
Занесеност | 0,604021 |
3,97 г (1450,1 г) | |
213,841234° | |
0° 14м 53.744с дневно | |
Наклон | 2,278065° |
211,596909° | |
65,939347° | |
Земјино НРОП | 0,0288423 ае (4.31475 Гм) |
Јупитерово НРОП | 1,13922 ае (170,425 Гм) |
Јупитеров Тисеранов параметар | 3,181 |
Физички особености | |
Среден пречник | 0,53 км[1] |
Маса | 2,10 × 1011 кг |
Средна густина | 2,7+0,4 −0,6 г/см3 |
6,026 ч (0,2511 д)[1] | |
0,151 ± 0,023[1] | |
Q | |
19,2[1] | |
6489 Голевка — аполонски, марсопресекувачки и алиндски астероид откриен во 1991 г. од американскиот астроном Еленор Хелин.
Во 1995 г. телото е проучувано истовремено во три радарски опсерватории: „Голдстоун“ во Калифорнија, РТ-70 во Евпаторија, Украина и „Кашима“ во Јапонија. Името „Голевка“ е како сложенка од првите букви на овие три опсерватории, по предлог на рускиот астроном Александар Зајцев.
Голевка е мало тело, со големина од 0,6 × 1,4 км. Има мошне чуден аглест облик кој изгледа различно, зависно од кој правец се набљудува. Во 2003 г. е забележан Јарковскиевиот ефект.[2] Помеѓу 1991 и 2003 г. малата сила на ефкетот предизвикала поместување од 15 км во однос на тоа што се очекувало само од гравитациските заемодејства.[2] Ова помогнало во утврдувањето на неговата густина (2,7 ± 0,5 г/см3) и маса (2,10×1011 кг).
Астероидот ќе се доближи до Земјата на растојание од 0,05 ае (7.500.000 км) во 2046 г., 0.10 ае во 2069 и 0,11 ае во 2092 г.[3] Од друга страна, изгледите Голевка да се судри со било која планета се занемарливо мали барем во следните девет века.[4] Неговата орбита е извонредно слична на онаа на 4179 Тевтат во занесувањето, големата полуоска и наклонот. Тевтат е попознат поради неговото доближување до Земјата во 2004 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „JPL Small-Body Database Browser: 6489 Golevka (1991 JX)“. Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 11 април 2016.
- ↑ 2,0 2,1 David Morrison (14 јануари 2004). „Precision NEO Orbits and the Yarkovsky Effect“. Asteroid and Comet Impact Hazards (NASA). Архивирано од изворникот на 8 ноември 2005. Посетено на 15 април 2004.
- ↑ „NEODys (6489) Golevka“. Department of Mathematics, University of Pisa, ITALY. Посетено на 2009-03-16.
- ↑ Hudson, R.; Ostro, S.; Jurgens, R.; Rosema, K.; Giorgini, J.; Winkler, R.; и др. (2000). „Radar observations and physical model of asteroid 6489 Golevka“. Icarus. 148 (1): 37–51. Bibcode:2000Icar..148...37H. doi:10.1006/icar.2000.6483. hdl:2014/14189.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- 6489 Голевка на Ризницата ?
- Меѓуконтинентални бистатични радарски набљудувања на 6489 Голевка (1991 JX) (англиски)
- 6489 Голевка — NeoDyS-2
- 6489 Голевка — Состојбени сознанија за вселената, ЕВА
- 6489 Голевка — База на мали небесни тела на JPL
|
|
|