Карпо (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карпо
Откривање
ОткривачСкот Шепард и др.
Откриено2003
Орбитални особености
Главна орбита полупречник
17,145 Гм
Занесување0,4316[1]
458,625 дена
Наклон56° кон еклиптиката
Физички особености
Среден полупречник
~1,5 км

Карпо (старогрчки: Καρπώ) или Јупитер XLVIприроден сателит на Јупитер. Бил откриена од страна на тим од астрономи од Хавајскиот универзитет, предводен од Скот Шепард во 2003 година и привремено бил назначен како S/2003 J 20[2][3] додека не го добил своето име во почетокот на 2005 година.[4]

Особености[уреди | уреди извор]

Карпо е 3 километри (1.9 милји) во дијаметар и се врти околу Јупитер на просечна оддалеченост од 17.145 Gm (над само десет милиони милји) во период од 458.625 дена, со наклон од 56° на еклиптиката (55° до Јупитеровиот екватор), и со висока ексцентричност од 0.4316. Сите месечини што се подалеку од Јупитер отколку Карпо се ретроградни.

Име[уреди | уреди извор]

Месечината го добила своето име во март 2005 година според Карпо, една од Хорите во митологијата и ќерка на Зевс (Јупитер).

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Исто како Темисто, оваа месечината се чини дека е осамен член на единствена класа, што ја прави исклучително интересна. Орбиталниот наклон на сателитите како овој е ограничен од Козаи ефектот, откриен од страна на Јошихид Козаи во 1962 година. Овој ефект предизвикува периодична размена помеѓу наклонот и занесувањето на орбитата. Доколку наклонот е доволно голем, занесувањето може за возврат да порасне дотолку  што апсидата на сателитот (наречена перизена во случајот на месечините на Јупитер) ќе биде во непосредна близина на Галилеевите месечини (Ио, Европа, Ганимед и Калисто). Месечината на крајот ќе се судири со некоја од овие или при непосредна средба ќе биде исфрлена целосно од Јовинскиот систем. Периодот на прецесија на апсидата (Pw) е долг 6.8 милиони години.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jacobson, R. A. (2006) JUP262 (2007-06-28). "Planetary Satellite Mean Orbital Parameters". JPL/NASA. конс. 2008-01-19. 
  2. Daniel W. E. Green (April 30, 2003). "IAUC 8125: S/2003 J 19 and S/2003 J 20". International Astronomical Union. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. 
  3. MPEC 2003-G67: S/2003 J 20 2003 April (discovery and ephemeris)
  4. Daniel W. E. Green (March 30, 2005). "IAUC 8502: Satellites of Jupiter". International Astronomical Union. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]