Еванта (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Еванта (старогрчки: Ευάνθη) или Јупитер XXXIIIнеправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 2001 г. од група астрономи при Универзитетот на Хаваи предводена од Скот Шепард, и ѝ е дадена привремената ознака S/2001 J 7.[1][2]

Месечината има пречник од 3 километри и кружи околу Јупитер на просечна оддалеченост од 20.465 Мм, завртувајќи полн круг за 598,093 дена со наклон од 143° кон еклиптиката (142° кон Јупитеровиот екватор) со занесување од 0,2001.

Името го добила во август 2003 г. по Еванта, мајка на харитите (грациите) според некои старогрчки писатели.[3]

Еванта ѝ припаѓа на Ананкината група сочинета од повратни неправилни месечини кои кружат околу Јупитер на растојание од 19,3 до 22,7 Гм при наклон од околу 150°.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Daniel W. E. Green (May 16, 2002). „IAUC 7900: Satellites of Jupiter“. International Astronomical Union. 
  2. Brian G. Marsden (May 15, 2002). „MPEC 2002-J54: Eleven New Satellites of Jupiter“. International Astronomical Union Minor Planet Center. 
  3. Daniel W. E. Green (August 8, 2003). „IAUC 8177: Satellites of Jupiter, Saturn, Uranus“. International Astronomical Union. Архивирано од изворникот на March 27, 2012.