Пасифаина група

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пасифаина група — група повратни неправилни месечини на Јупитер кои следат слични орбити како онаа на месечината Пасифаја и се смета дека имаат заедничко потекло.

Нивните големи полуоски (оддалеченост од Јупитер) се движат помеѓу 22,8 и 24,1 милиони километри (ист опсег како Кармината група), орбиталните наклони им изнесуваат од 144,5° до 158,3°, а орбиталната занесеност им е од 0,25 до 0,43.

Најголемите неправилни месечини на Јупитер.. Меѓу Пасифаината група се означени Синопа и самата Пасифаја. Хоризонталната оска означува оддалеченост од Јупитер. Вертикалната го претставува наклонот. Занесеноста е означена со жолти црти, што го претставува најголемото и најмалото растојание од Јупитер. Крукчињата ја претставуваат големината на телата.

Основни членови на групата се следниве (негативниот период означува повратна орбита):[1]

Име Пречник
(км)
Период
(денови)
Белешка
Пасифаја 57,8 −722,34 најголем член и прототип
Синиопа 35 −777,29 црвена боја
Калироја 9,6 −787,43 црвеникава боја
Мегаклита 5 −747,09 црвеникава боја
Автоноја 4 −719,01
Евридома 3 −722,59
Спонда 2 −734,89

Меѓународниот астрономски сојуз ги задржува имињата кои завршуваат на -e (во меѓународен облик) за сите повратни месечини.

Потекло[уреди | уреди извор]

Се смета дека Пасифаината група настанала кога еден астероид бил зафатен од Јупитер и потоа распарчен кога се судрил. Првичниот астероид не бил многу пореметен: пресметано е дека тоа тело имло пречник од 60 км, што е приближно исто со Пасифаја; таа задржува 99 % од изворната маса. Меѓутоа, доколку во оваа група припаѓа и Синопа, тогаш соодносот би бил доста помал (87 %).[2]

За разлика од Кармината и Ананкината група, теоријата за настанок со еден удар не е прифатена кај сите стручњаци. Ова е бидејќи Псаифаината група, иако слична по голема полуоска, е пошироко распрсната во наклонот.[note 1] Друга можност е Синопа да не е дел од остатоците на тој судир, туку да била посебно зафатена.[4] Различните бои на телата (сива кај Пасифаја, светлоцрвена кај Калироја и Мегаклита) исто така упатуваат на тоа дека групата има посложено потекло отколку еден удар.[4]

Орбиталните елементи и релативните големини на основните членови на Пасифаината група. Хоризонталната оска е нивната просечна оддалеченост од Јупитер, вертикалната го означува орбиталниот наклон, а крукчињата се за големините.
Овој дијаграм ја споредува широката распрснатост на Пасифаината група (црвено) со позбиената Ананкина (сино) и Кармина (зелено) група.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Несворни (Nesvorný 2003), иако ги дава истите за Ананкината и кармината група, ја дава само Мегаклита за Пасифаината група. Меѓутоа, секуларните резонанции на Пасифаја и Синопа може да ја обликуваат орбитата и да бидат образложение за поударното распрснување на орбиталните елементи.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Scott S. Sheppard, David C. Jewitt, Carolyn Porco Jupiter's outer satellites and Trojans, In: Jupiter. The planet, satellites and magnetosphere. Edited by Fran Bagenal, Timothy E. Dowling, William B. McKinnon. Cambridge planetary science, Vol. 1, Cambridge, UK: Cambridge University Press, ISBN 0-521-81808-7, 2004, p. 263 - 280 Full text(pdf). Архивирано 14 јуни 2007.
  2. Sheppard, Scott S. (5 мај 2003). „An abundant population of small irregular satellites around Jupiter“. Nature. 423 (6937): 261–263. Bibcode:2003Natur.423..261S. doi:10.1038/nature01584. PMID 12748634. S2CID 4424447. Меѓутоа, иако Несворни 2003 ги дава истите за Ананкината и кармината група, ја дава само Мегаклита за Пасифаината група
  3. David Nesvorný, Cristian Beaugé, and Luke Dones Collisional Origin of Families of Irregular Satellites, The Astronomical Journal, 127 (2004), pp. 1768–1783 Full text.
  4. 4,0 4,1 Grav, Tommy; Holman, Matthew J.; Gladman, Brett J.; Aksnes, Kaare Photometric survey of the irregular satellites, Icarus, 166,(2003), pp. 33-45. Preprint